Прејди на содржината

Награда „Франц Кафка“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Награда „Франц Кафка“
ДржаваЧешка Edit this on Wikidata
ДоделуваFranz Kafka Society Edit this on Wikidata
Мрежно местоhttp://www.franzkafka-soc.cz/cena-franze-kafky/ Edit this on Wikidata

Наградата „Франц Кафка“ е меѓународна книжевна награда во чест на славниот писател Франц Кафка. Почнала да се доделува во 2001 г. на иницијатива на нејзините организатори - Друштвото „Франц Кафка“ и градот Прага (Чешка). Доделувањето се одржува во октомври секоја година, во стариот градски дом во Прага. Лауреатот добива 10 000 американски долари, признаница и бронзена статуетка.

Критериумот за доделување на наградата гласи: „за хуманистичкиот карактер на делото и неговиот придонес кон културната, националната, јазичната и верската толеранција, како и неговиот егзистенцијален и вечен карактер, општочовечка непобитност и способноста да остави сведоштво за времето во кое живееме.“[1]

Добитници

[уреди | уреди извор]
Година Име Земја
2013[2][3] Амос Оз Израел Израел
2012[4] Даниела Ходорова  Чешка
2011[5] Џон Бенвил  Ирска
2010[6] Вацлав Хавел  Чешка
2009 Петер Хандке  Австрија
2008[7] Арношт Лустиг  Чешка
2007[8] Ив Бонфоа  Франција
2006[9] Харуки Мураками Јапонија
2005 Харолд Пинтер  Обединето Кралство
2004 Елфриде Јелинек  Австрија
2003[10] Петер Надаш  Унгарија
2002[11] Иван Клима  Чешка
2001 Филип Рот  САД

Добитници по држава

[уреди | уреди извор]
 Чешка4
 Австрија2
 Франција1
 Унгарија1
 Ирска1
Израел Израел1
Јапонија1
 Обединето Кралство1
 САД1
Вкупно13

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Наградата „Франц Кафка“ - Друштво „Франц Кафка“. проверено на 23 февруари 2008 (англиски)
  2. ↑ „Israeli Author Amos Oz Wins Franz Kafka Prize“. AP. May 27, 2013. Архивирано од изворникот 2013-05-28. Посетено на May 30, 2013.
  3. ↑ „Amos Oz – the New Laureate of the Franz Kafka Prize“. Franz Kafka Society. 28 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2018-11-06. Посетено на 30 мај 2013.
  4. ↑ „Franz Kafka Prize goes to Czech writer Daniela Hodrová“. literalab. 25 мај 2012. Посетено на 25 мај 2012.
  5. ↑ Спејн, Џон (26 мај 2011). „Бенвил доби врвна книжевна награда“. Irish Independent. Посетено на 26 мај 2011. (англиски)
  6. ↑ „Вацлав Хавел ја доби наградата „Франц Кафка"“. CBC News. 27 октомври 2010. Посетено на 27 октомври 2010. (англиски)
  7. ↑ „Писателот Лустиг ја доби наградата „Франц Кафка"“. Agence France-Presse. 9 април 2008. Архивирано од изворникот на 2020-02-12. Посетено на 9 април 2008. (англиски)
  8. ↑ „Францускоит поет Бонфоа ја доби наградата „Франц Кафка"“. CBC News. 30 октомври 2010. Посетено на 30 октомври 2010. (англиски)
  9. ↑ „Јапонскиот писател Харуки Мураками ја доби наградата „Франц Кафка"“. ABC News. 31 октомври 2006. Посетено на 31 октомври 2006. (англиски)
  10. ↑ Хоракова, Павла (31 октомври 2003). „Друштвото „Франц Кафка" го награди Петер Надаш“. Радио Прага. Архивирано од изворникот на 2016-06-09. Посетено на 31 октомври 2003. (англиски)
  11. ↑ Хоракова, Павла (31 октомври 2002). „Писателот Иван Клима ја доби наградата „Франц Кафка"“. Радио Прага. Архивирано од изворникот на 2016-06-09. Посетено на 31 октомври 2002. (англиски)