Набро (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Набро)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Набро
Nabro and Mallahle Volcanoes-NASA.jpg
Највисока точка
Надм. вис.2218 м [1]
Координати13°22′ СГШ; 41°42′ ИГД / 13.37° СГШ; 41.70° ИГД / 13.37; 41.70Координати: 13°22′ СГШ; 41°42′ ИГД / 13.37° СГШ; 41.70° ИГД / 13.37; 41.70[1]
Географија
МестоРегион Црвено Море - југ, Еритреја
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув2011 до 2012[2]

Набростратовулкан во јужниот дел на Црвено Море во Еритреја. Тој се наоѓа на југоисточниот крај на Данакилските Алпи во Данакилската Пустина[3]. Пред ерупцијата во 2011 година, вулканот се сметал за исчезнат.

Геологија[уреди | уреди извор]

Како дел од падината Афар, вулканот Набро е еден од многуте вулкански комплекси од купи во североисточниот дел на Источенниот Африкански Рифт. Двојните купи најверојатно се формирале за време на ерупција од околу 20 до 100 кубни километри, кои се состоеле од игнимбрит, иако датумот на нивното формирање е непознат. Субареалниот волумен на вулканскиот материјал во рамките на Набровскиот вулкански опсег е веројатно по редослед од 550 км3[4].

Ерупции[уреди | уреди извор]

2011[уреди | уреди извор]

Иако не поминал преку историски ерупции[5], вулканот Набро избувнал кратко по полноќ по локално време на 13 јуни 2011 година, по серија земјотреси до магнитуда од 5,7 степени во пограничниот регион Еритреја и Етиопија[5]. Пепелта била забележана на сателит кој се движел на запад-северозапад по должината на границата, и се протегал на околу 50 километри широчина и неколку стотици километри низ часовите веднаш по пријавената ерупција, а наводно достигнал височина до 15 километри[5].

На 13 јуни, Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, морала да го прекине патувањето во Етиопија поради облакот од пепел и кој движејќи се кон запад требал да влезе во атмосферата на земји како што се Египет, Јемен, Израел, Ирак, Јордан, Судан, Сомалија, Џибути и Саудиска Арабија.[6][7]

Облакот од пепел започнал да го нарушува воздушниот сообраќај, па поради тоа летовите на Емирејтс со седиште во ОАЕ биле откажани, заедно со летовите на Саудиска Арабија ерлајнс[8][9]. Меѓународниот аеродром Луксор во Луксор во Египет бил ставен на вонредна состојба[10].

2012[уреди | уреди извор]

MODVOLC забележал на 9 април 2012 година дека е откриена термичка аномалија на Набро и дека таквите аномалии биле откриени во текот на март. Активноста била фокусирана на ѕидот на северната купа со непознати податоци, но activolcans.info забележал дека може да се формира лавинско езеро.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Nabro“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. конс. 2007-04-04.  (англиски)
  2. Dunphy, Mark. „Ash Cloud Spreads From Erupting Nabro Volcano In Eritrea“, Irish Weather Online, 13 јуни 2011 (посет. 13 јуни 2011 г).
  3. „Nabro, Eritrea“. www.vulkaner.no. конс. 17 January 2017. 
  4. Wiart, Pierre; Clive Oppenheimer (25 мај 2004 г). Large magnitude silicic volcanism in north Afar: the Nabro Volcanic Range and Ma’alalta volcano. „Bulletin of Volcanology“ том  67 (2): 99–115. doi:10.1007/s00445-004-0362-x. Bibcode2005BVol...67...99W. http://www.springerlink.com/content/jaf8w52xm8g2r3u9/. посет. 13 јуни 2011 г. 
  5. 5,0 5,1 5,2 "Eruption at Nabro Volcano, Eritrea", NASA Earth Observatory. June 13, 2011. Accessed June 13, 2011
  6. "Volcano Eruption in Eritrea cuts short Hillary Clinton visit", The Telegraph. June 13, 2011. Accessed June 13, 2011
  7. "Ash Cloud Spreads From Erupting Nabro Volcano In Eritrea", Mark Dunphy. Irish Weather Online. June 13, 2011. Accessed June 13, 2011
  8. "Emirates flights to Africa disrupted", Dubai Chronicle. June 14, 2011. Accessed June 14, 2011
  9. "Saudi Airlines reschedules flights to Africa due to ash cloud", AME Info. June 15, 2011. Accessed June 15, 2011
  10. "Luxor airport prepares for Eritrean volcanic ash cloud", Al-Masry Al-Youm. June 14, 2011. Accessed June 15, 2011

Надворешни врски[уреди | уреди извор]