Мост (друштво)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мост е здружение на Македонците од Голо Брдо, Албанија. Друштвото е создадено на 2 март 2012 година. Седиште на друштвото е во селото Требишта, во истоимената општина.[1]

Формирање[уреди | уреди извор]

Здружението било заверено во регистарот во судот во Тирана на 2 март 2012 година. Друштвото е создадено за потребите на Македонците во Голо Брдо во Албанија. Како прв претседател на друштвото бил назначен Бесник Хасани, потпретседател е Илбер Кадриу и секретар на друштвото е Лавдарим Мета.[1] Друштвото има поддршка од македонската политичка партија во Албанија. Се очекува да се отворат и ограноци на друштвото во општините Острени и Стеблово.[1] Мост шестото друштво на Македонци во Албанија, по друштвата „Преспа“, „Илинден“, „Мир“, „Мед“ и „Гора“.[2]

Цел[уреди | уреди извор]

Според претседателот, целта на друштвото е[1][2]:

Борбата за признавање на Македонците во Голо Брдо од страна на албанската држава, воведување на македонскиот јазик во училиштата во Голо Брдо, зачувување на нашиот македонски идентитет, култура, традиција, јазик, фолклор и обичаи. Исто така, наша задача ќе биди и спречување на бугарската пропаганда во Голо Брдо и обидите на Бугарија за побугарчување на Македонците во Голо Брдо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Македонците во Голо Брдо формираа друштво „Мост". Алфа ТВ. Посетено на 2012-03-02.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „„Мост" за правата на Македонците од Голо Брдо“. Канал 5. Посетено на 2012-03-02.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]