Мируша (парк)
Парк Мируша | |
---|---|
Parku i Mirushës/Miruša Park | |
МСЗП — Категорија V (заштитен копнен/морски предел) | |
Кањонот Мируша кај четвртото езеро | |
Место | Косово[a] |
Координати | 42°31′26″N 20°34′59″E / 42.523861° СГШ; 20.582984° ИГД |
Површина | 55.580,70 ха |
Воспоставен(а) | 1982 |
Мируша (албански: Mirusha / Mirushë; српски: Мируша / Miruša) – регионален парк сместен во централниот дел на Косово[a] во источниот дел на Метохија.
Паркот бил ставен под заштита во 1975 година како специјален природен резерват, со површина од 19.021,55 ха со одлука на општините Ораховац и Клина.
Благодарение на геонаследните вредности, специфичните терени, како и големата разновидност на растителниот свет, во 1982 година бил прогласена за регионален парк од петта категорија (заштитено подрачје) според МСЗП, со површина од 55.580,70 ха, кој се простирал во три општини: Клина, Малишево и Ораховац.[1]
Една година подоцна, во 1983 година, заради хидролошките, геоморфолошките и теренските вредности, текот на реката Мируша исто така бил ставен под заштита во трета категорија (споменик на природата) според МСЗП. Оваа површина изнесува 1.197,29 ха и им припаѓа на општините Ораховац и Клина.[2]
Особености
[уреди | уреди извор]Паркот Мируша е најпознат по својот кањон низ кој тече реката Мируша која создава серија од карстни езера и водопади наредени едни по други во каскади.
Поради својата геолошка структура која се состои од ултра основни карпи и вулканско-седиментарни формации од периодот јура и карбонати од долна и горна креда, реката Мируша создала кањон длабок 200 метри.[3]
На одредени места по должината на кањонот лежат мали езера, поврзани едни со други со водопади, високи до 21 m. Има вкупно 12 водопади и 16 езера. Тие варираат по облик и големина според нивната положба, како и структурата и литолошкиот состав на варовничките блокови. Кањонот е најширок кај последното езеро, додека најтесниот дел е во областа на четвртото езеро, каде што е и најдлабоко, 200 метри.[4][5]
Ретките природни геолошки и геоморфолошки одлики, исто така, создаваат интересни мотиви за пејзажот на паркот, особено специфичната геолошка форма на теренот, пештерите, пукнатините, други карпести феномени кои биле создадени како резултат на геолошкото минато, ефектите од ерозијата, водата и други егзогени фактори.
Како резултат на благата континентална клима под влијание на Средоземјето, се создала многу богата флора и фауна. Регионалниот парк е дом на многу ендемски и стеноендемски видови.[1]
Локација
[уреди | уреди извор]Паркот Мируша е една од најубавите и најинтересните области на природата во Косово, кој лежи во централниот дел на земјата, на територијата на општините Клина, Малишево и Ораховац.
Паркот на природата се наоѓа на југ од Гребничката Планина, од двете страни на реката Мируша, од почетокот на кањонот до вливот во реката Бел Дрим.[5]
Во западниот дел на паркот поминува националниот пат Клина - Ѓаковица (М9.1). Паралелно со овој пат се наоѓа и железничката пруга Пеќ - Призрен. Околу 8 км на север поминува националниот пат Приштина - Пеќ.
Од главниот град на Косово, Приштина, паркот е оддалечен 65 км.[1][6]
Географија
[уреди | уреди извор]Националниот парк Мируша опфаќа површина од 55.580,70 ха од општините Клина, Малишево и Ораховац, во источниот дел на Метохија, во централно Косово. Надморската височина се движи од 340 до 600 м.[1]
Геолошката разновидност на сливот на реката Мируша претставува важна компонента на наследството поврзана со геологијата, геоморфологијата и хидрологијата, важна за науката, образованието и туризмот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-10.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-15. Посетено на 2019-04-04.
- ↑ http://www.progeo.se/news/2011/pgn111.pdf[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2019-04-04.
- ↑ 5,0 5,1 „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-10. Посетено на 2015-01-10.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-04-20. Посетено на 2019-04-04.