Мешалка (лажица)

Мешалка — предмет што служи за мешање; голема дрвена лажица.[1] Оваа кујнска алатка се користи за подготовка на храна.
Употреба
[уреди | уреди извор]Првите лажици кои се користеле за јадење биле изработувани од дрво и школки, а подоцна биле изработувани и од метал.[2]
Денес дрвените лажици најчесто се користат за подготовка на храна. Дрвените лажици за разлика од металните не спроведуваат топлина, така што нивната дршка останува ладна и кога лажицата се наоѓа подолго време во жешка супа или сос.[3]
Металните лажици може да ги оштетат садовите во кои се подготвува храната, додека со дрвените лажици можноста за оштетување е многу помала. Ова се однесува и на осетливите состојки во храната.[3]
Дрвените лажици исто така се поудобни за држење бидејќи нивните дршки не се остри туку заоблени.[3]
Постои верување дека медот треба да се јаде со дрвени и пластични, никако со метални лажици. Ова е оправдано само кај матичниот млеч, кој содржи аминокиселини кои во контакт со метал се разградуваат.[4][5]
Недостаток на дрвените лажици во однос на металните е што потешко се чистата, односно може да впијат некои супстанци кои со миење тешко се отклонуваат.
Симболизам
[уреди | уреди извор]Љубовна лажица
[уреди | уреди извор]Рачно изрезбани дрвени лажици се користеле во Велс како љубовни подароци кои се нарекувале љубовни лажици.[6] На нив биле изрезбани разни симболи од кои секој имал различно значење.
Во спортот
[уреди | уреди извор]Во некои спортови дрвената лажица му се доделува на тимот кој е последно пласиран на натпреварот. Така на пример, на рагби турнирот Шест нации дрвена лажица ѝ се доделува на последнопласираната репрезентација.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „мешалка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Кашика, виљушка и нож кроз историју Архивирано на 2 ноември 2013 г., dnevno.rs, 23. 6. 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Зашто користити дрвену кашику при кухању, Kuhar.ba, 25. 7. 2012.
- ↑ Мед, чудесан лек, Блиц жена, 2. 9. 2012.
- ↑ Мед и пчелињи производи Архивирано на 25 август 2013 г., stetoskop.info
- ↑ Необични начини изјављивања љубави (у протеклим стољећима), Pixelizam, 12. 10. 2012.
- ↑ Дрвена кашика као спортски трофеј Архивирано на 23 август 2010 г., Analitika, 9. 2. 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Мешалка (лажица)“ на Ризницата ? |