Лажица


Лажица е прибор за јадење кој се состои од мал плиток сад, овален или кружен, на крајот со дршка. Лажицата се користи во подготовка на храна и за да се измери, се меша, се промешува и се додаваат состојки, сервирање и други работи. Денес лажиците се направени од метал (особено сребро или есцајг, обложено или цврсто), дрво, порцелан, или од пластика.
Лажицaтa претежно се користи за течни и полутечни јадења, како супа, чорба или сладолед, или многу ситни прашкасти материи,кои неможат да се земат со виљушка, на пример шеќер, сол, ориз, житарки, грашок и друго. Во југоисточна Африка лажицата е главен прибор за јадење кој се користи за јадење, виљушките се користат за да ја туркаат храната во лажицата како ориз на пример, исто така како и нејзината западна употреба за сечење на храната. Лажиците претежно се користат и во готвењето и сервирањето на храната. Во пекарството, се користат за црпење на течно тесто.
Историја
[уреди | уреди извор]
Зачуваните примероци на различни форми на лажици што се користеле во Древен Египет се изработени од слонова коска, кремен, глинен камен и дрво, а многу од нив имаат изрезбани религиозни симболи.[1] За време на неолитската цивилизација во Сардинија, се користеле керамички црпалки и лажици, додека за време на династијата Шанг во Кина, лажиците биле изработувани од коски. Првите лажици од бронза во Кина се претпоставува дека биле користени како црпалки.[2] Во Стара Грција и Стар Рим лажиците биле изработувани од бронза и сребро, при што дршката имала форма на зашилен колец.[1] Постојат примероци што се чуваат во Британскиот музеј кои имаат различни форми.[1]
Во муслиманскиот свет, лажиците се користеле за јадење супа.[3] Средновековните лажици за домашна употреба најчесто се изработувале од рог на крава или од дрво, додека лажици направени од месинг, и други метали биле вообичаени во 15 век.[1] Што се однесува до лажиците од сребро или злато, тие биле дел од приборот за јадење на кралските и богатите куќи, со што се нагласува нивната посебна вредност.[1] Првиот запис за лажици во Англија е направен во тестамент од 1259 година.[1] Меѓу личните предмети на кралот Едвард I запишани во 1300 година, споменати биле златни и сребрени лажици со парискиот знак флор-де-лис.[1] Комплет на „апостолски лажици“, кои биле популарни во тјудорскиот период, се предмет на интерес за антикварниците.[1]
Други употреби на лажицата
[уреди | уреди извор]
- Лажицата може да биде музички инструмент.
- Изразот хранет со златна лажица се однесува на некој чии родители биле богати кога бил дете, или на кого во детството му било обезбедено повеќе од потребното.
- Изразот „една лажица“ често се користи при рецептите како вообичаена мерка за количество. Кафена лажица е мерка за количество од околу 5 грама или милилитри, а супена лажица - околу 15 грама или милилитри.[4]
- Лажицата може да биде и сувенир. Во таков случај тоа е мала лажичка посебно украсена.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Лажица“ на Ризницата ? |
![]() |
Видете лажица во Викиречник, слободниот речник. |
- Историја на приборот за јадење
- Производство на лажица, грузиски стил
- Jackson, C. J. (1892). „The Spoon and its history“. Archaeologia. 53: 107–146.
- Историја на лажицата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 "Spoon." Encyclopædia Britannica Eleventh Edition, 1911. Viewing the linked scan requires the AlternaTiff plugin in most browsers. Статијава содржи текст од овој извор, кој сега е во јавна сопственост.
- ↑ Joseph Needham (2000). Science and Civilisation in China: Fermentations and Food Science. Cambridge University Press. стр. 106. ISBN 978-0-521-65270-4.
- ↑ Lindsay, James E. (2005). Daily Life in the Medieval Islamic World. Greenwood Publishing Group. стр. 128. ISBN 0-313-32270-8.
- ↑ Кујнски мерки