Барска лажица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Барска лажица

Барска лажица е лажица со долга рачка која се користи за спремање и мешање на коктели и други алкохолни и безалкохолни мешани пијалаци. Долгата рачка и овозможува да достигне до дното на најдлабоките чаши во кои се подготвуваат и служат пијалаци. Барската лажица може да држи до 5 ml течност, по тоа е слична на лажица за чај. Нејзината рачка е обично долга помеѓу 25 и 27 cm.[1]

Користење[уреди | уреди извор]

Освен за мешање на пијалаци, барската лажица служи и за додавање на состојки кои се потребни во мали количини.[2] Исто така, може да ги скрши цврстите состојки или делови од овошја кои се наоѓаат во пијалакот.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Барските лажички се направени од различни материјали, најчесто од пластика, метал и нерѓосувачки челик.[2] Честопати се прават со спирална рачка, која е погодна за мешање на пијалаци, бидејќи лесно се врти помеѓу прстите.[2] Барска лажичка може да има разни додатоци на врвот на рачката, обично во облик на диск или чекан што овозможува кршење на цврсти состојки во пијалак, или во форма на вилушка, кој овозможува земање маслинки, цреши и друго овошје од пијалаците [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barska kašika, Koktelomania.com
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Bar Spoon, Culinary Encyclopedia