Прејди на содржината

Марк Бернес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Разгледница со сцени од филмовите на Бернес
Поштенска марка на Русија, Марк Бернес, 1999, 2 руб. (Michel 757, Scott 6543)

Марк Наумович Бернес (21 септември [ст. ст. 8 септември] 1911,[1] Нежин16 август, 1969, Москва) бил советски глумец и пејач од еврејско потекло, кој ги изведувал едни од најсилните мелодии кои изглегле од Втората светска војна, како Тёмная ночь (1943) и Журавли (1969). Бил именуван за Народен глумец на РСФСР (1965), а бил награден и со Државната награда на СССР (1951), два ордена како и многу медали.

  1. Овој датум: 21 септември [O.S. 8 септември 1911 година – е грешка пронајдена во Големата советска енциклопедија. Вистински датум: 8 октомври [O.S. 25 септември] 1911 година - бил врежан на надгробната плоча на гробиштата Новодевичи (Москва), а исто така било потврдено од ќерката на Бернес, Наташа