Марко Шулајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Шулајковски
Роден 31 март 1921
Дебар, Кралство Југославија
Починал 29 ноември 1989(1989-11-29) (возр. 68)
Белград, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање учесник во НОБ

Марко Шулајковски (31 март 1921 во Дебар29 ноември 1989 во Белград) — македонски учесник во НОБ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1941 година. Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана во периодот 1942-1943. По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада.

Во Народноослободителната војска на Македонија извршувал разни воено-партиски должности. По завршувањето на Втората светска војна, бил на служба во Македонија и во Србија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шулајковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1664. Text "series " ignored (help)