Марија Краја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Краја
Роден(а)24 септември 1911
Задар, Кралство Далмација, Австро-Унгарија
Починал(а)21 ноември 1999(1999-11-21) (воз. 88 г.)
Тирана, Албанија
НационалностАлбанка
Други имиња
  • Марија Краја
  • Марија Палука
ОбразованиеМузички конзерваториум во Грац
ЗанимањеПејачка
Познат(а) поИзведувач на албански традиционални песни

Марија Краја или Марија Палука (24 септември 1911 – 21 ноември 1999 година) - албанска оперска пејачка, која е особено позната по нејзините изведби на албански народни песни.

Биографија[уреди | уреди извор]

Краја е родена во 1911 година во Задар, Кралство Далмација, тогашен дел на Австро-Унгарија, во римокатоличко семејство. Таа била роднина на Мајка Тереза, која подоцна го организирала погребот на нејзината мајка и сестра.[1][2] Кога имала шест години, нејзиното семејство се преселило во Скадар. Иако имигрант, семејството било албанско и таа живеела во мала албанска заедница во Задар. Во Албанија ги научила локалните свадбени и љубовни песни. Во 1930 година започнала да учи пеење на Сингшуле (сега Универзитет за музика и изведувачки уметности) во Грац, Австрија, каде завршила во 1934 година. По дипломирањето почнала да предава во едно средно училиште во Скадар, потоа на Женскиот институт Кралицата Мајка во Тирана. Таа почнала да настапува во Тирана со Тонин Гурациу како пратечки пијанист. Краје била претставник на Албанија на "Вечерта на нациите" која се одржувала во Виена.

Изведби[уреди | уреди извор]

Краја почнала да пее традиционални староградски песни. Работела заедно со Лола Ѓока, кој бил аранжер а воедно и пијанист. Тие заедно снимиле над 300 песни. Согласно денешните стандарди овие снимки не се перфектни, но сепак преживеале до денес.[3]

Во 1937 година, Марија Краја имала рецитал во Бари, Италија а следната година држела концерти во Минхен, Германија. Истата година во јуни била вклучена во концерт заедно со Тефта Ташко-Коко и Лола Ѓока, за собирање средства за баритонот Кристо Коко (сопруг на Тефта Ташко-Коко). Парите биле потребни со цел тој да ги заврши студиите по пеење во Милано. Во 1939 година, одржала и еден рецитал во Фиренца.

По Втората светска војна, Краја предавала на Јордан Мисја Академијата. Таа воедно продолжила да пее во Операта, а во 1959 година, се појавила во првата албанска опера. Операта била наречена Мрика. Композитор на истата бил Пренке Јакова а либретото било на Лазар Силики.[4]

Краја починала во Тирана во 1999 година. Таа била добитник на највисоко признание за уметници, Народен уметник на Албанија.[5]

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FBIS Daily Report: East Europe. Foreign Broadcast Information Service. 1989. стр. 1. OCLC 16394067. https://books.google.com/books?id=YCIUAQAAMAAJ. „This morning, she paid a visit at the home of Artiste of the People Marije Kraja, a relative, as well as to the house where her mother and sister had lived for a long time. Mother Teresa then visited the No 40 Kindergarten in Tirana ...“ 
  2. Gëzim Alpion (2007). Mother Teresa: Saint or Celebrity?. Routledge. стр. 317. ISBN 9780203087510. https://books.google.com/books?id=rq6S6qCWCbUC&pg=PT317. „Albanian Catholic opera singer Marije Kraja, who is also known to have organized their funerals ...“ 
  3. Eno Koço (2004). Albanian Urban Lyric Song in the 1930s. Scarecrow Press. стр. 58–61. ISBN 978-0-8108-4890-0. https://books.google.com/books?id=oWL2ZKPimKEC&pg=PA58. 
  4. Robert Elsie (24 December 2012). A Biographical Dictionary of Albanian History. I.B. Tauris. стр. 256. ISBN 978-1-78076-431-3. https://books.google.com/books&pg=PA255. 
  5. Besarta. „Sopranoja brilante Marie Kraja“, 24 септември 2015.