Логан (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логан
Mount Logan
Mount Logan.jpg
Поглед на Логан од југоисток
Највисока точка
Надм. вис.5.959 м
Истакнатост5.250 м [2]
Матичен врвМакинли[1]
Координати60°34′02″N 140°24′10″W / 60.56722° СГШ; 140.40278° ЗГД / 60.56722; -140.40278Координати: 60°34′02″N 140°24′10″W / 60.56722° СГШ; 140.40278° ЗГД / 60.56722; -140.40278
Географија
МестоЈукон, Канада
Матичен венецСвети Илија
ТопокартаNTS 115B
Искачување
Прво освојување1925 од А.Х. Макарти и др.
Најлесен патискачување по ледник/снег/мраз

Логан (англиски: Mount Logan) — планина во венецот Свети Илија, највисока во Канада и втора по висина во Северна Америка (по Макинли). Наречена е во чест на геологот Вилијам Едмонд Логан — основач на Геолошката служба на Канада (GSC). Се наоѓа во состав на националниот парк Клуејн[3] во југозападен Јукон и претставува почетно место за ледниците Хабард и Логан. Се смета дека оваа планина има најголема обиколка на основата од сите невулкански планини во светот (многу штитести вулкани се доста поголеми и помасивни). Опфаќа 11 врвови повисоки од 5.000 м.[4][5] Највисоката точка се издига 5.959 м[4]

Поради активното тектонско надигање, Логан и понатаму продолжува да расте во висина.

Планината се одликува со крајно ниски температури. На висорамнината на 5.000 м, температурата на воздухот изнесува околу -45 °C зиме и речиси 0 °C лете. Средна температура во текот на годината изнесува -27 °C. Снегот речиси и да не се топи, па затоа капата е многу дебела (наместа до 300 м).[5]

Логан за првпат е освоен на 23 јуни 1925 г. од експедиција во следниов состав: Алберт Х. Макарти (водач), Х.Ф. Ламбарт, Ален Карпе, В.В. Фостер, Н. Рид и Енди Тејлор.[5][6]

Врвови[уреди | уреди извор]

Масивот на Логан ги опфаќа сите околни врвови со истакнатост помала од 500 м:

Врв Висина (м) Истакнатост (м) Местоположба
Главен[2] 5.959 5.250 60°34′2″N 140°24′14.4″W / 60.56722° СГШ; 140.404000° ЗГД / 60.56722; -140.404000 ((primary peak))
Филип (Западен)[7] 5.925 265 60°34′42.6″N 140°26′02.4″W / 60.578500° СГШ; 140.434000° ЗГД / 60.578500; -140.434000 (врв Филип)
Логан Исток (Сјуарт)[8] 5.898 198 60°34′31.1″N 140°22′00.1″W / 60.575306° СГШ; 140.366694° ЗГД / 60.575306; -140.366694 (врв Логан Исток)
Хјустонов[9] 5.740 100 60°35′03.5″N 140°27′20.5″W / 60.584306° СГШ; 140.455694° ЗГД / 60.584306; -140.455694 (Хјустонов Врв)
Проспектор[10] 5.644 344 60°35′58.9″N 140°30′40.7″W / 60.599694° СГШ; 140.511306° ЗГД / 60.599694; -140.511306 (врв Проспектор)
АИНА[11] 5.630 130 60°36′31.8″N 140°31′48.6″W / 60.608833° СГШ; 140.530167° ЗГД / 60.608833; -140.530167 (врв АИНА)
Расел[12] 5.580 80 60°35′31.2″N 140°29′08.9″W / 60.592000° СГШ; 140.485806° ЗГД / 60.592000; -140.485806 (врв Расел)
Тјудор (Логан Север)[13] 5.559 219 60°36′58.2″N 140°29′35.4″W / 60.616167° СГШ; 140.493167° ЗГД / 60.616167; -140.493167 (врв Тјудор)
Саксон (Северозападен)[14] 5.500 80 60°37′12.0″N 140°27′57.6″W / 60.620000° СГШ; 140.466000° ЗГД / 60.620000; -140.466000 (врв Саксон)
Квин[15] 5.380 160 60°36′33.5″N 140°35′12.5″W / 60.609306° СГШ; 140.586806° ЗГД / 60.609306; -140.586806 (врв Квин)
Капет (Северозападен)[16] 5.250 240 60°38′15.0″N 140°32′41.3″W / 60.637500° СГШ; 140.544806° ЗГД / 60.637500; -140.544806 (врв Капет)
Катенари[17] 4.097 397 60°36′36.0″N 140°17′52.1″W / 60.610000° СГШ; 140.297806° ЗГД / 60.610000; -140.297806 (врв Катенари)
Теди[18] 3.956 456 60°32′37.7″N 140°28′41.5″W / 60.543806° СГШ; 140.478194° ЗГД / 60.543806; -140.478194 (врв Теди)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Модел на планината
  1. "Mount Logan". Peakbagger.com. Посетено на August 27, 2010. (англиски)
  2. 2,0 2,1 "Mount Logan". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=14. Retrieved July 15, 2007. 
  3. "Kluane National Park and Reserve of Canada". Parks Canada. Посетено на August 1, 2010.
  4. 4,0 4,1 "Mount Logan". Geological Survey of Canada. Посетено на April 12, 2007.
  5. 5,0 5,1 5,2 "Mount Logan: Canadian Titan". Virtual Museum of Canada. Посетено на September 18, 2008.
  6. "Conquering Mount Logan". Parks Canada. Посетено на April 12, 2007.
  7. "Philippe Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=18352. Retrieved July 15, 2007. 
  8. "Logan East Peak (Stuart Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15754. Retrieved July 15, 2007. 
  9. "Houston's Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15875. Retrieved July 15, 2007. 
  10. "Prospector Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16893. Retrieved July 15, 2007. 
  11. "AINA Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=15003. Retrieved July 15, 2007. 
  12. "Russell Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16931. Retrieved July 15, 2007. 
  13. "Tudor Peak (Logan North Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16708. Retrieved July 15, 2007. 
  14. "Saxon Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16718. Retrieved July 15, 2007. 
  15. "Queen Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16897. Retrieved July 15, 2007. 
  16. "Capet Peak (Northwest Peak)". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=16721. Retrieved July 15, 2007. 
  17. "Catenary Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=2827. Retrieved July 15, 2007. 
  18. "Teddy Peak". Bivouac.com. http://www.bivouac.com/MtnPg.asp?MtnId=2831. Retrieved July 15, 2007. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]