Линдита Ахмети
Изглед
Линдита Ахмети | |
---|---|
Линдита Ахмети | |
Роден(а) | 26 април 1973 Призрен, СФР Југославија |
Починал(а) | 8 април 2024 Скопје, Македонија |
Националност | Македонска Албанка |
Познат(а) по | поезија |
Линдита Ахмети (албански: Lindita Ahmeti), (Призрен, 26 април 1973 - Скопје, 8 април 2024)[1] — албанска писателка, поетеса од Македонија.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ахмети е родена во 1973 година во Призрен, тогаш Југославија, денес во Косово. Основно образование и гимназија завршила во Тетово. Дипломирала класична филологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје. Живее и работи во Скопје.[2]
Творештво
[уреди | уреди извор]На албански
[уреди | уреди извор]- 1993: Mjedra dhe bluz (Малини и блуз)
- 1996: Ishulli adular (Адуларен остров)
- 2000: Brezi i Zonjës (Генерацијата на дамата)
- 2004: Vetë përballë Erosit (Сама пред Ерос)
- 2008: Lulja Alba : poezi të zgjedhura (Луља Алба: избрани песни)
- 2015: Dhoma pa derën dalëse (Соба без излезна врата)
- 2016: Nga mështeknaja e babait me mallëngjim (Од татковата бреза со копнеж)
На македонски
[уреди | уреди извор]- 1998: Камена месечина
- 2002: Син сон
- 2007: Призивање во април
- 2011: Утрешните монети
Преводи
[уреди | уреди извор]На бугарски
[уреди | уреди извор]- 2008: Пролетен копнеж
На полски
[уреди | уреди извор]- 2013: Пет песни
Награди
[уреди | уреди извор]- 2022 - Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Линдита Ахмети - поетесата која се задлабочи во митологијата, ја надмина реалноста“. Коха. 9.4.2024. Посетено на 10 април 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 104. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ „НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ" ЗА МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ, ЛИНДИТА АХМЕТИ, ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ И МИЦЕ ЈАНКУЛОВСКИ“. СДК. 28 септември 2022. Посетено на 28 септември 2022.