Леонардо Мартин Мајер (роден на 15 мај 1987 г.) е аргентински професионален тенисер.
Негово највисоко место на АТП листата е 21. место кое го постигнал во јуни 2015 година.[1] Тој во кариерата освоил 1 АТП титула во поединечна конкуренција, и 1 АТП титула во двојки. Негов тренер е Франциско Јунис.[1]
Мајер е роден во Коријентес, Аргентина. Неговиот татко, Орландо, работи во банка, а неговата Мајка, Естела е учителка. Тој има два браќа, Габриел и Валтер и една сестра, Вероника. Тој започнал да игра тенис на 9-годишна возраст. Негова омилена подлога е Земјината подлога, а негово омилено хоби е играњето фудбал.[2]