Латерна магика
Латерна магика (латински: Laterna Magika) — еден е од првите мултимедијални театри во светот. Формиран е во Прага, Чехословачка во 1958 година[1].
Основните принципи и концепти на Латерна магика
[уреди | уреди извор]Во својот концепт, театарот ги обединува : театарска игра – глума, режија, танц, кореографија, балет, пантомима па сè до таканаречениот „Црн театар“ што претставува посебно театарско визуелно осветлување кое реагира на флуоресцентно светло – создавајќи впечаток дека светлината извира од костимите, сценографијата, севкупниот штимунг во сцената. Всушност по тоа е и најпознат[2].
Оваа светлосна иновација ќе изврши особено влијание подоцна во низа театарски и циркуски поставки, создавајќи своевиден таканаречен - магичен театарски израз[3] .
Кај нас оваа особена специфична поетска визуелизација ќе ја применува во своите претстави македонскиот режисер Владо Цветановски, во низа антологиски претстави „Подземна република“, „Животот е сон“ и други работејќи со сценографот Владо Ѓорески[4].
Театарот латерна Магика во своето опстојување ќе забележи низа настапи и гостувања во светот, извршувајќи значајна улога особено во современата визуелизација на театарскиот современ израз: Советскиот Сојуз, Сирија, Египет, САД, Англија, Франција, Холандија, Белгија, Австрија, Шпанија , Израел. Добитник е на повеќе од шеесет меѓународни награди.[5].
Нов театарски израз и стил
[уреди | уреди извор]Севкупниот нивни репертоар опфаќа оригинални театарски дела кои немаат свои изведби низ други театри во светот. Во најново време применуваат и останата технологија која опфаќа: видео проекција синхронизирана со живото дејствување на глумците, компјутерски интервенции, визуелни анимации и друго. Нешто за кое прв пионер во македонскиот театар исто така беше споменатиот македонски режисер[6].
Програмата, која се состоеше од најразлични проекти, беше пред сè заедничка работа на Алфред Радок и Јозеф Свобода, кои уште од самиот почеток ги дефинираа принципите на односите помеѓу акцијата на сцената и филмот, кои ги развива Латерна Магика како основен театарски израз и стилдо денес: проекцијата не е само подвижна позадина, генератор на своевидна сценска реалност, клучен фактор е меѓусебната поврзаност помеѓу содржината на она што се случува на сцената.
Главни проекти
[уреди | уреди извор]Наслов | Премиера |
---|---|
Експо 58 | 26 мај 1958 |
Експo 58 | 9 мај 1959 |
Латерна магика II / Гостување | Ленинград, 5 декември 1960 |
Хофманови приказни | 4 септември 1962 |
Варијации | 9 јуни 1963 |
Варијации 66 | 27 мај 1966 |
Експо 67 | Монтреал, април – октомври 1967 |
Ревија на магичната кутија | 25 март 1968 |
Прашки карневал | 30 мај 1974 |
Љубов во карневалските бои | 10 април1975 |
Изгубената бајка | 10 октомври 1975 |
Прекрасен циркус | 15 април 1977 |
Снежната кралица | 27 септември 1979 |
Ниќна проба | 5 февруари 1981 |
Еден ден во Прага | 28 октомври 1982 |
Црниот монах | 3 ноември 1983 |
Грозната голтка | 10 февруари 1984 |
Pragensia, Vox Clamantis | 20 декември 1984 |
Orbis pictus | 11 септември 1986 |
Вивисекција | 3 март 1987 |
Одисеј | 10 септември 1987 |
Minotaur | 15 февруари 1990 |
Волшебната флејта | 11 септември 1992 |
Одисеј (нова верзија) | 6 април 1993 |
касанова | 9 февруари 1995 |
Пузли | 14 декемвриr 1996 |
Замка | 17 септември 1999 |
Графити | 17 декември 2001 |
Аргонаутите | 8 август 2004 |
Rendez-vous | 2 август 2005 |
Коктел 008 | 10 октомври2008 |
Легенда за волшебната Прага | 3 March 2011 |
Коктел 012 | 1 март 2012 |
Што се однесува | 14 февруари 2013 |
Антикоди | 21 март 2013 |
Човечка локомотивност | 6 февруари 2014 |
Вонредните патувања на Жил Верн | 19 февруари 2015 |
Малата принцеза | 1 април 2016 |
Коцка | 23 март 2017 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ narodni-divadlo
- ↑ image left
- ↑ Stage-Prague
- ↑ „teatarce.mk“. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 2020-03-28.
- ↑ repertoar[мртва врска]
- ↑ „Laterna_magika“. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2020-03-28.