Ладнокрвниот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ладнокрвниот“
In cold blood99.jpg
филмски плакат
РежисерРичард Брукс
ПродуцентРичард Брукс
СценаристТруман Капот (роман)
Ричард Брукс (сценарио)
Главни улогиРоберт Блејк
Скот Вилсон
Џон Форсајт
Пол Стјуарт
МузикаКвинси Џоунс
КинематографијаКонрад Хал
МонтажаПитер Зинер
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиера14 декември
Времетраење134 минути
Јазиканглиски

„Ладнокрвниот“ (англиски: In Cold Blood) - американски филм од 1967 година, во режија на Ричард Брукс (Richard Brooks), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Труман Капоти. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Блејк (Robert Blake), Скот Вилсон (Scott Wilson), Џон Форсајт (John Forsythe) и Пол Стјуарт (Paul Stewart). Филмот имал четири номинации за „Оскар“: режија, најдобро адаптирано сценарио, камера (Конрад Л. Хил) и оригинална музика (Квинси Џонс). Исто така, филмот бил номиниран и за „Златен глобус“.[1] Некои од сцените се снимани на локациите каде се случиле вистинските настани, поточно во Гарден Сити и Холкомб Канзас, вклучувајќи ја и куќата на Клатери. Иако во некои делови филмот е верен на романот, Брукс го има додадено фиктивниот карактер на „Известувачот“ (го игра Пол Стјуарт). Овој филм е првиот комерцијален филм во САД во кој се користи зборот „срање“ (анг.: shit).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Есента 1959 година, во руралното подрачје на Канзас, се среќаваат поранешните затвореници Пери Смит (го игра Блејк) и Дик Хикок (го игра Вилсон). Тие решаваат да го ограбат домот на богатото семејство Клатер. Ноќта, тие упаѓаат во куќата, но не успеваат да го пронајдат сефот. За да ги отстранат сведоците, Смит и Хикок го убиваат целото семејство, а утредента полицијата ги пронаоѓа телата на убиените и веднаш ја започнува истрагата...

Наводи[уреди | уреди извор]