Кучиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кучиња[1]
Период: Доцен еоцен - денес
NIEdot306.jpg
Различни видови: арктичка лисица (горе лево), црвена лисица (горе десно), сив волк (долу лево) и којот (долу десно).
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Семејство: Canidae
G. Fischer de Waldheim, 1817

Кучињата (науч. Canidae) — семејство на кучевидни ѕверови. Во семејството припаѓаат лисиците, разни видови познати под името шакал, којоти, волци, но и домашните кучиња. Денес се распространети на сите континенти, но првично ги немало во Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја, Мадагаскар и Антарктик. Меѓутоа, денес тие се речиси насекаде припитомени со помош на човекот.

Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.

Физички опис[уреди | уреди извор]

Градбата на телото на кучињата на прв поглед не се разликува многу од тоа на мачките. Сите кучиња се со помал раст од оној на големите мачки. Телото им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. На задните нозе кучињата поседуваат по четири целосно развиени прсти како и четири (кај родот Lycaon), односно пет (кај родовите Canis, Cyon, Icticyon, Otocyon) прсти на предните шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.

Имаат 42 заба, при што секогаш по четири предкатници од двете страни на горната и на долната вилица. Според тоа, забната формула е следна:

3.1.4.2
3.1.4.3

Формулата на првите "млечни" заби е: 3 1 3. Кога се млади, членовите на ова семејство немаат катници, додека како возрасни имаат по два на горната и три на долната вилица од секоја страна.[2]

Поседуваат крупни очи, а ушите им се зашилени и поголеми од мачкините. Женките имаат бројни млечни жлезди на градите и стомакот. Поплодни се од мачките и најчесто имаат четири до девет младенчиња, иако се познати и случаи со 18 и 23 младенчиња при едно парење.

Филогенетска поврзаност[уреди | уреди извор]

Черепи на разни кучиња

Кај кучињата (Canidae), резултатите на алозимските и хромозомските анализи сугерираат повеќе филогенетички поделби:

  1. Волци (Canis, Cuon и Lycaon) вклучително кучето (Canis lupus familiaris), сивиот волк (Canis lupus), црвениот волк (Canis rufus), источниот волк (Canis lycaon), којотот (Canis latrans), златниот шакал (Canis aureus), етиопскиот волк (Canis simensis), црногрбестиот шакал (Canis mesomelas), пругастиот шакал (Canis adustus), азискиот див пес (Cuon alpinus), и африканското диво куче (Lycaon pictus).[3]
  2. Лисици (Vulpes), каде се вклучени џуџестата лисица (Vulpes velox), црвената лисица (Vulpes vulpes), капската лисица (Vulpes chama), поларната лисица (Vulpes lagopus), и пустинската лисица (Vulpes zerda).
  3. Јужноамерикански кучиња, грмушарското куче (Speothos venaticus), бразилската сребрена лисица (Lycalopex uetulus), ракојадната лисица (Cerdocyon thous) и гривестиот волк.
  4. Разни монотипни видови, вклучително долгоушестата лисица (Otocyon megalotis), сивата лисица (Urocyon cinereoargenteus), и ракунскиот пес (Nyctereutes procyonoides).[3]

ДНК анализите покажуваат дека првите три форми формираат монофилетички клади. Волците и јужноамериканските кучиња заедно го формираат племето Canini.[4] Молекуларните податоци укажуваат на североамериканското потекло на Canidae пред околу десет милиони години и африканско потекло на волците (Canis, Cuon и Lycaon), каде шакалите се најосновни во групата. Сивата лисица и исландската лисицата се основа за другите клади; меѓутоа, оваа типолошка разлика не е силно поддржана.[5]

Долниот кладограм се базира на Линдблад-Тох филогенијата (2005),[5] преиначена за да ги вклучи последните откритија за видовите кучиња (Canis)[6] и лисици (Vulpes)[7]

Грривест волк
Африканско диво куче
Грмушарско куче
Долгоушеста лисица
Ракунско куче
Род Лисици Vulpes: црвена лисицаРупелова лисица, степска лисица, бенгалска лисица, поларна лисица, Бланфордова лисица, Кама и пустинска лисица
Canidae

Canini
Canina








Canis familiaris (Домашно куче)



Canis lupus (Сив волк)




Canis latrans (Којот)




Canis anthus (Африкански златен волк)




Canis simensis (Етиопски волк)




Canis aureus (Златен шакал)




Cuon alpinus (Азиски див пес)




Lycaon pictus (Африканско диво куче)





Canis mesomelas (Црногрбест шакал)



Canis adustus (Пругаст шакал)




Cerdocyonina


Speothos venaticus (Грмушарско куче)



Chrysocyon brachyurus (Гривест волк)






Lycalopex

Lycalopex vetulus (Бразилска сребрена лисица)




Lycalopex fulvipes (Дарвинска лисица)





Lycalopex griseus (Јужноамериканска сива лисица или Чила)



Lycalopex gymnocercus (Пампас лисица)





Lycalopex culpaeus (Кулпео или Андинска лисица)



Lycalopex sechurae (Сечуранска лисица или Перуанска пустинска лисица)







Cerdocyon thous (Ракојадна лисица)




Atelocynus microtis (Краткоушесто куче)






Vulpini

Otocyon megalotis (Долгоушеста лисица)




Nyctereutes procyonoides (Ракунско куче)


Vulpes


Vulpes zerda (Пустинска лисица)



Vulpes cana (Бланфордова лисица) Blandford's fox.png





Vulpes chama (Капска лисица)






Vulpes vulpes (Црвена лисица)



Vulpes rueppellii (Рипелова лисица)





Vulpes corsac (Степска лисица)



Vulpes ferrilata (Тибетанска песочна лисица) Tibetan sand fox illustration, transparent background.png






Vulpes macrotis (Џуџеста лисица)



Vulpes lagopus (Поларна лисица)









Urocyon

Urocyon littoralis (островска лисица)



Urocyon cinereoargenteus (Сива лисица)




Систематизација[уреди | уреди извор]

Племе Кучиња (Canini)
Род Dusicyon
  • FalklandIslandFox2.jpg
    Фолкландска лисица (Dusicyon australis)
Род Pseudalopex
  • Колпео (Pseudalopex culpaeus)
  • Јужноамериканска сива лисица (Pseudalopex griseus)
  • Дарвинова лисица (Pseudalopex fulvipes)
  • Пампаска сива лисица (Pseudalopex gymnocercus)
  • Сечуранска лисица (Pseudalopex sechurae)
  • Ситнозабест пес (Pseudalopex vetulus)
Род Atelocynus
  • Dogs, jackals, wolves, and foxes (Plate XVI).jpg
    Краткоушеста лисица (Atelocynus microtis)
Род Canis
  • Сив волк (Canis lupus), вклучително и домашно куче и динго
  • Црвен волк (Canis rufus)
  • Којот (Canis latrans)
  • Златен шакал (Canis aureus)
  • Црногрбест шакал (Canis mesomelas)
  • Пругаст шакал (Canis adustus)
  • Етиопски шакал (Canis simensis)
Род Cerdocyon
  • Ракојадна лисица (Cerdocyon thous)****
Род Speothos
  • Грмушарско куче (Speothos venaticus)
Род Chrysocyon
  • Гривест волк (Chrysocyon brachyurus)
Род Nyctereutes
  • Ракунско куче (Nyctereutes procyonoides)
Род Cuon
  • Азиско црвено куче (Cuon alpinus)
Род Lycaon
  • Африканско диво куче (Lycaon pictus)

Племе Лисици (Vulpini)

Род Alopex
Alopex lagopus stretching.jpg
  • Арктичка лисица или поларна лисица (Alopex lagopus)
Род Vulpes
  • Црвена лисица (Vulpes vulpes)
  • Индиска лисица (Vulpes bengalensis)
  • Бланфордова лисица (Vulpes cana)
  • Кама (Vulpes chama)
  • Степска лисица (Vulpes corsac)
  • Тибетанска песочна лисица (Vulpes ferrilata)
  • Бледа лисица (Vulpes pallida)
  • Рупелова лисица (Vulpes rueppelli)
  • Степска лисица (Vulpes velox)
  • Пустинска лисица (Vulpes zerda)
Род Urocyon
  • Сива лисица (Urocyon argenteus)
  • Островска лисица (Urocyon littoralis)
Dogs, jackals, wolves, and foxes (Plate XLV) (5987848041).jpg
Род Otocyon
  • Долгоушеста лисица (Otocyon megalotis)

Однесување[уреди | уреди извор]

Тешко е да се донесе заеднички заклучок за однесувањето на сите видови во ова семејство, бидејќи тие премногу се разликуваат меѓусебе. На пример, сите видови од ова семејство се по дефиниција месојади и затоа сите имаат нагон за лов и убивање, но тој значително се разликува меѓу волците и домашните кучиња.[8]

Разликите во однесувањето кај, на пример, волците и лисиците се изразени уште кај младенчињата во времето меѓу четвртата и петтата недела од староста. Зоологот Ерик Зимен, набљудувајќи ги младенчињата, забележал дека младите лисици парчињата храна најпрво ги земаат и ги закопуваат некаде во околната средина и дури потоа започнуваат да ги јадат; младите волци најпрво јадат колку можат, а дури потоа ги закопуваат остатоците од храната.[9]

Како слично однесување кај сите претставници од семејството на кучињата, Мајкл В. Фокс го опишува воведот во социјална средба меѓу припадниците на ист вид. Средбата започнува со заемно душкање на гениталното и аналното подрачје, но и делумно ушите, нуската и аналните жлезди. Душкањето на подрачјето на опашните жлезди е забележано само кај црвените, арктичките и сивите лисици, поретко кај прериските волци, но никогаш кај домашните кучиња, бидејќи тие многу ретко поседуваат опашни жлезди.[10]

Делумно се забележани и исти начини на однесување и меѓу различни видови; така, Фокс ја опишува успешната покана за игра меѓу чивава и степски волк, со заемно покажување на подреденост меѓу младите којоти и волци, како и мигови од играта на возрасниот волк и возрасни црвени лисици.[11]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Кучиња: Нивните фосилни предци и историја на еволуција[12]
  • Цицачи, Милутин Радовановиќ (1959)[13]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М.. уред. Mammal Species of the World (Трето издание издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14000691. 
  2. Vgl. St. G. Mivart: Monograph of the canidae. London: R. H. Porter and Dulan, 1890. citirano u: Fox 1975.
  3. 3,0 3,1 Wayne, R. K. (јуни 1993 г). Molecular evolution of the dog family. „Trends in genetics: TIG“ том  9 (6): 218–224. ISSN 0168-9525. PMID 8337763. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8337763. 
  4. Jensen, Per (2007). The Behavioural Biology of Dogs. CABI. стр. 11–13. ISBN 978-1-84593-188-9. https://books.google.com/books?id=SpkSd__EdKYC&pg=PA3&dq=Tribe+Canini+Vulpini. 
  5. 5,0 5,1 Lindblad-Toh, Kerstin; Wade, Claire M; Mikkelsen, Tarjei S.; Karlsson, Elinor K.; Jaffe, David B.; Kamal, Michael; Clamp, Michele; Chang, Jean L.; и др.. Genome sequence, comparative analysis and haplotype structure of the domestic dog. „Nature“ том  438 (7069): 803 in 803–19. doi:10.1038/nature04338. PMID 16341006. 
  6. Lindblad-Toh, Kerstin; Wade, Claire M.; Mikkelsen, Tarjei S.; Karlsson, Elinor K.; Jaffe, David B.; Kamal, Michael; Clamp, Michele; Chang, Jean L.; и др. (8 декември 2005 г). Genome sequence, comparative analysis and haplotype structure of the domestic dog. „Nature“ том  438 (7069): 803–819. doi:10.1038/nature04338. ISSN 1476-4687. PMID 16341006. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/16341006. 
  7. Zhao, Chao; Zhang, Honghai; Liu, Guangshuai; Yang, Xiufeng; Zhang, Jin. The complete mitochondrial genome of the Tibetan fox (Vulpes ferrilata) and implications for the phylogeny of Canidae. „Comptes Rendus Biologies“ том  339 (2): 68–77. doi:10.1016/j.crvi.2015.11.005. ISSN 1631-0691. 
  8. За ова видете, на пример, во: Zimen 2003: 47-49 (Оддел Unterschiede zwischen Wolf und Hund - "Разлики меѓу волкот и кучето")
  9. Zimen 2003: 40-42 (Abschn. Unterschiede bei Wolf und Fuchs).
  10. Fox 1975: 66 f.
  11. Fox 1975: 148 ff. (Оддел Zwischenartliche Verbindungen bei Caniden - "Врска меѓу различните видови на кучиња")
  12. 1957-, Wang, Xiaoming,; Mauricio., Antón, (2008). Dogs : their fossil relatives and evolutionary history. New York: Columbia University Press. ISBN 9780231135283. OCLC 185095648. https://www.worldcat.org/oclc/185095648. 
  13. Радовановић, Милутин (1959). VI Класа Mamalia - сисари. Београд: Научна књига. стр. 433.