Африкански златен волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Canis|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Африкански златен волк
Golden wolf small.jpg
Canis anthus bea
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Canis
Вид: Африкански златен волк
Биномен назив
Canis anthus
федерик Кувиер, 1820[2]
Подвидови

Африкански златен волк (Canis anthus[3] или Canis lupaster[4]) — вид куче со потекло од Северна Африка и Африканскиот Рог. Тој е потомок на генетска мешавина од 72% сив волк и 28% етиопски волк. Се јавува во Сенегал, Нигерија, Чад, Мароко, Алжир, Тунис, Либија и Египет и Танзанија. На Атлас може да се види на височини дури до 1.800 метри. Првенствено е предатор, таргетирајќи безрбетници и цицачи, како газела, иако понекогаш напаѓа и поголеми животни. Неговата исхрана исто така вклучува трупови на животни, човечки отпад и овошје. Африканскиот златен волк е моногамен и територијален вид, потомците остануваат со семејството за да помогнат во одгледувањето на помладите[5].

Претходно бил класифицирана како африканска варијанта на златниот шакал, со најмалку еден подвид (Canis anthus lupaster). Во 2015 година, серија анализи за митохондријалниот ДНК на видот покажале дека тој всушност е различен и од златниот шакал и од сивиот волк, а повеќе е тесно поврзан со сивиот волк и којотот.

Тој игра истакната улога во некои африкански култури; во северноафриканскиот фолклор, се смета како недоверливо животно чии делови од телото можат да се користат за лековити или ритуалистички цели, додека се чува во голема почит во Сенегалната религија како првото суштество кое било создадено од богот Роог.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hoffmann, M. & Atickem, A. (2019). Canis lupaster. Црвен список на загрозени видови. 2019: e.T118264888A118265889.
  2. (in French) Cuvier, Frédéric (1824), Histoire naturelle des mammifères, tome 2, A Paris : Chez A. Belin ...
  3. Orrell, T. (20 November 2015). Roskov Y.; Abucay L.; Orrell T.; и др. (уред.). „Canis anthus F. Cuvier, 1820 (accepted name)“. Catalogue of Life: 2017 Annual Checklist. Catalogue of Life. Посетено на 17 November 2017.
  4. Alvares, Francisco; Bogdanowicz, Wieslaw; Campbell, Liz A.D.; Godinho, Rachel; Hatlauf, Jennifer; Jhala, Yadvendradev V.; Kitchener, Andrew C.; Koepfli, Klaus-Peter; Krofel, Miha; Moehlman, Patricia D.; Senn, Helen; Sillero-Zubiri, Claudio; Viranta, Suvi; Werhahn, Geraldine (2019). „Old World Canis spp. with taxonomic ambiguity: Workshop conclusions and recommendations. CIBIO. Vairão, Portugal, 28th - 30th May 2019“ (PDF). IUCN/SSC Canid Specialist Group. Посетено на 6 March 2020.
  5. Estes, R. (1992). The behavior guide to African mammals: including hoofed mammals, carnivores, primates. University of California Press. стр. 398–404. ISBN 0-520-08085-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Carnivora