Крозби, Стилс, Неш и Јанг
Крозби, Стилс, Неш и Јанг | |
---|---|
Од лево кон десно: Нил Јанг, Дејвид Крозби, Греам Неш и Стивен Стилс. Фотографија за публицитет од 1970 година. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Крозби, Стилс и Неш |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | csny.com |
Поранешни членови | |
Крозби, Стилс и Неш (англиски: Crosby, Stills & Nash; скратено: CSN) ― фолк-рок супергрупа составена од кантавторите: Дејвид Крозби, Стивен Стилс и Греам Неш. Откако им се придружил канадскиот кантавтор Нил Јанг, групата била преименувана во Крозби, Стилс, Неш и Јанг (CSNY). Биле познати по нивните сложени вокални хармонии, трајното влијание врз американската музика и култура, политичкиот активизам и нивните бурни врски.
Групата Крозби, Стилс и Неш била примена во Куќата на славните на рокенролот во 1997 година, а тројцата членови исто така биле примени за нивните дела во други групи: Крозби за The Byrds, Стилс за Buffalo Springfield и Неш за The Hollies.[6] Јанг исто така бил примен како соло-музичар и како член на Buffalo Springfield, но не и како член на CSN. Групата настапувала заедно до 2015 година. Крозби починал во 2023 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Групата CSN била основана од два члена од две истакнати групи и еден член чија група се распаднала. Дејвид Крозби бил гитарист, пејач и текстописец во The Byrds; Стивен Стилс бил гитарист, клавијатурист, пејач и текстописец во групата Buffalo Springfield (во која членувал и Нил Јанг); а Греам Неш бил гитарист, пејач и текстописец во The Hollies.[7]
Крозби бил отпуштен од The Byrds во октомври 1967 година поради несогласувања околу неговите стихови.[8] На поп-фестивалот во Монтереј, Крозби го заменил на Нил Јанг (кој се повлекол од групата пред концертот) во Бафало Спрингфилд. На почетокот од 1968 година, Бафало Спрингфилд се распаднала и Стилс останал без ангажман. По концертот во Монтереј, Стилс и Крозби почнале неформално да настапуваат при што забележале дека вокално добро се усогласуваат.
Греам Неш, фрустриран од креативните разлики, ја напуштил неговата група, The Hollies, во декември 1968 година. Тој го познавал Крозби уште од турнејата на Бирдс во Обединетото Кралство во 1966 година, а откако Холис се преселиле во Калифорнија во 1968 година, Неш и Крозби го продолжиле пријателството. Во јули 1968 година, на вечера во куќа во Кањонот Лорел (дом на Џони Мичел или на Кас Елиот (исказите на тројцата членови се разликуваат)[9]), Неш пеел заедно со Стилс и Крозби и увиделе дека имаат многу добра вокална хемија. Во интервју во 2014 година Неш рекол: „Знаевме што правиме“, мислејќи на успехот на групите во кои претходно учествувале. Продолжил: „Групата Крозби, Стилс и Неш се роди за 30 секунди. Толку време ни требаше да се усогласиме“.
На почетокот од 1969 година групата потпишала договор со Атлантик Рекордс.
Првиот албум на триото, Crosby, Stills & Nash, бил објавен во мај 1969 година. Албумот станал голем хит во Соединетите Американски Држави и исфрлил два топ-40 хита: „Suite: Judy Blue Eyes“ и „ Marrakesh Express “. Албумот во 2001 година од RIAA добил сертификат за четирикратно платинест тираж.[10][11][12]
Додека се подготвувале за турнеја, триото увидело дека на групата ѝ недостига клавијатурист. Стилс прво му пристапил на виртуозниот мултиинструменталист Стив Винвуд, кој веќе бил зафатен со новооснованата група Blind Faith. Ертегун го предложил поранешниот член од Бафало Спрингфилд, Нил Јанг, како прилично очигледен избор; иако бил примарно гитарист, Јанг бил умешен клавијатурист и можел да се менува на инструментот со Стилс и Неш на настапите во живо. Условите на договорот му овозможиле на Јанг да има паралелна кариера во неговата нова група, Crazy Horse. За време на турнеите ги придружувале Далас Тејлор (тапани) и Грег Ривс (бас). Под името Крозби, Стилс, Неш и Јанг, тие настапиле на фестивалот Вудсток во август 1969 година.[13]
Нивниот прв албум со Јанг во групата, Déjà Vu, бил издаден во март 1970 година и се искачил на прво место на топ-листите во неколку земји. Déjà Vu, со продадени 8 милиони примероци бил нивен најпродаван албум[14] и исфрлил три хит-сингла: „Woodstock“, „Teach Your Children“ и „Our House“.
За време на турнејата од 23 концерти имало затегнати односи меѓу членовите на групата поради употребата на алкохол и кокаин од Стил. Во ваква турбулентна атмосфера, Крозби, Неш и Јанг решиле да ја прекинат турнејата по настапот во театарот Аудиториум во Чикаго во јули 1970 година.[15][16][17] Пејачката Рита Кулиџ била во врска со Стилс, но го напуштила за започне врска со Неш; ова исто така било наведено како фактор кој придонел за распаѓање на групата. Концертните снимки од таа турнеја биле објавени како двоен албум во живо, 4 Way Street (1971).
По распаѓањето членовите од групата продолжиле со соло-кариери. Четворицата членови ја возобнивиле групата за турнеја во 1974 година. Потоа групата се обединувала уште неколку пати за да издадат нови албуми или за концерти. Членовите од групата настапувале заедно до 2015 година. Крозби починал во 2023 година.
Членови
[уреди | уреди извор]Официјални членови
[уреди | уреди извор]- Дејвид Крозби – главен и придружен вокал, ритам-гитара (1968–1970, 1973–2015; died 2023)
- Стивен Стилс – главен и придружен вокал, главна и ритам-гитара, бас, клавијатури, удиралки (1968–1970, 1973–2015)
- Греам Неш – главен и придружен вокал, клавијатури, ритам-гитара (1968–1970, 1973–2015)
- Нил Јанг – главен и придружен вокал, главна и ритам-гитара, клавијатури, хармоника (1969–1970, 1973–1974, 1985, 1986–1988, 1991, 1999–2006, 2013)
Времеплов
[уреди | уреди извор]Дискографија
[уреди | уреди извор]- 1969: Crosby, Stills & Nash (CSN)
- 1970: Déjà Vu (CSNY)
- 1977: CSN (CSN)
- 1982: Daylight Again (CSN)
- 1988: American Dream (CSNY)
- 1990: Live It Up (CSN)
- 1994: After the Storm (CSN)
- 1999: Looking Forward (CSNY)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Steve Valdez (2013). „Folk rock“. Во Lee Stacy; Lol Henderson (уред.). Encyclopedia of Music in the 20th Century. Routledge. стр. 223. ISBN 978-1-57958-079-7.
- ↑ Holly George-Warren; Patricia Romanowski, уред. (2001). The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll (3rd. изд.). Fireside Books. стр. 224. ISBN 0-7432-9201-4.
- ↑ Robert Duncan (1984). The Noise: Notes from a Rock 'N' Roll Era. Ticknor and Fields. стр. 217. ISBN 0-8991-9168-1.
- ↑ Pareles, Jon (August 1983). „Pop Music: Renaissance and America“. The New York Times. Посетено на 27 January 2023.
- ↑ „Graham Nash says there will be no more CSN or CSNY, then admits he could change his mind“. Архивирано од изворникот на May 3, 2019. Посетено на May 3, 2019.
- ↑ „The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. Rockhall.com. April 15, 2013. Архивирано од изворникот на November 15, 2019. Посетено на August 24, 2015.
- ↑ William Ruhlmann. „Crosby, Stills, Nash & Young Biography by William Ruhlmann“. allmusic.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2020. Посетено на February 2, 2020.
- ↑ Dave Zimmer (September 23, 2008). Crosby, Stills & Nash: The Biography. Hachette UK. стр. 93. ISBN 9780786726110.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Crosby, Stills & Nash – Chart history – Billboard“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на February 21, 2017. Посетено на February 20, 2017.
- ↑ „Crosby, Stills & Nash – Chart history – Billboard“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на February 20, 2017. Посетено на February 20, 2017.
- ↑ „Gold & Platinum – RIAA“. Riaa.com. Архивирано од изворникот на December 26, 2021. Посетено на April 8, 2017.
- ↑ Neil Young is notably absent from the documentary film.
- ↑ „NEIL YOUNG, BOB SEGER and CROSBY, STILLS, NASH & YOUNG.....USA album sales“. Greasy Lake Community. Архивирано од изворникот на March 1, 2021. Посетено на February 20, 2017.
- ↑ „The Actual, Honest-to-God Reunion of Crosby, Stills and Nash“. Rolling Stone. June 2, 1977. Архивирано од изворникот на June 20, 2018. Посетено на August 26, 2017.
- ↑ „In 'Wild Tales,' Graham Nash opens up about sex, drugs and music behind Crosby, Stills, Nash & Young“. Nydailynews.com. September 2013. Архивирано од изворникот на December 26, 2021. Посетено на July 15, 2014.
- ↑ „Sugar Mountain“. Sugarmtn.org. Архивирано од изворникот на December 23, 2019. Посетено на February 20, 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Official CSN site
- Крозби, Стилс, Неш и Јанг на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Crosby, Stills, Nash & Young discography at Discogs
|