Вудсток (фестивал)


Фестивалот на музика и уметност (неформално, Вудсток или Фестивалот Вудсток) бил музички фестивал најавен како „Претставување на водолијата: 3 денови мир и музика“.Тој се одржал на сточарската млекарска фарма од 2.4 км2 близу населбата Вајт Лејк во градот Бетел, државата Њујорк, од 15 до 18 август 1969 г. Бетел, во округот Саливан, е 69 км. југозападно од градот Вудсток, Њујорк, во соседниот округ Алстер.
Во текот на, викендот, триесет и два изведувачи настапиле на отворено пред 500 000 посетители на фестивалот. Тој се смета за еден од најголемите и најзначајни мигови во историјата на поп-музиката и е ставен меѓу „50 мигови што ја изменија историјата на Рокенролот“ на списанието Ролинг Стоун.
Настанот бил овековечен во успешниот документарен филм од 1970 година Вудсток, албум со музиката од филмот и песната на Џони Мичел, „Вудсток“, што бил во спомен на настанот и станал главен хит за Крозби, Стилз, Неш и Јанг.
Планирање и подготовка
[уреди | уреди извор]Вудсток се родил благодарение на напорите на Мичел Ланг, Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфелд. Робертс и Розенман ги имале средствата. Ланг имал искуство како промотер и веќе го имал организирано најголемиот фестивал на источниот брег во тоа време, Поп Фестивалот во Мајами, на кој се проценува дека присуствувале 100 000 посетители. Тие го дале следниов оглас во весниците Њујорк Тајмс и Вол Стрит Журнал под името на фирмата Челинџ Интернешенал. „Млади мажи со неограничен капитал бараат интересни, законски дозволени можности за инвестирање и деловни предлози.“
Ланг и Корнфелд го виделе огласот и четирите мажи се сретнале првично да дискутираат за едно студио за снимање во Вудсток кое би прилегало на прибежиште, но идејата се преиначила во еден фестивал на музиката и уметноста на отворено, иако во тоа време тој се замислил како нешто во помали размери, кое би ги собрало некои од познатите уметнички имиња од близината на Вудсток во тоа време (како што биле Боб Дилан и групата „Д Бенд“. Четворицата мажи имале различни пристапи: Роберт бил дисциплиниран и знаел што е потребно за да успее потфатот, додека лежерниот Ланг гледал во Вудсток како на еден нов и релаксирачки начин за спојување на деловни луѓе. Имале и други сомнежи околу потфатот, бидејќи Роберт се двоумел дали да ги санира своите губитоци и да го откаже процесот, или да продолжи да вложува во него.
Во април 1969 г. членовите на новата суперѕвезда, составот Криденс Клирвотер Ривајвел, биле првите кои потпишале договор за фестивалот и се согласиле да настапат за 10 000 долари. Организаторите имале тешкотии во привлекувањето на големи имиња пред да потпишат договор со големите рокери од Беј Реј. Тапанарот на Криденс, Даг Клифорд, подоцна коментирал: Криденс потпишаа, сите други застанаа во редот, сите „големи ѕверки“ дојдоа. Имајќи го предвид тоа што настапуваа во 3 наутро и не биле вклучени (по инсистирање на фронтменот на Криденси, Џон Фоогерти) во филмот Вудсток, членовите на Криденс ја изразија нивната огорченост во однос на нивните искуства на познатиот фестивал.
Вудсток требало да биде профитабилен потфат, соодветно крстен „Потфатот Вудсток“. Тој станал „бесплатен концерт“ дури откако станало очигледно дека настанот привлекува стотици и илјадници повеќе отколку што организаторите биле подготвени да примат. Билетите за фестивалот чинеле 18 долари однапред, и 24 долари на врата за сите три денови. Продажбата на билети била ограничена на продавниците за плочи во централниот дел на градот Њујорк, или преку поштенски фах на станицата Радио Сити, во пошта сместена во Средниот Менхетен. Околу 186 000 билети биле продадени однапред, а организаторите предвиделе дека ќе дојдат приближно 200 000 посетители на фестивалот.
Одбирање на местото
[уреди | уреди извор]Првично, концертот бил планиран да се одржи во Милс Индустриски Парк на површина од 1.2 км2, во градот Волкил, Њујорк, кој што Потфатот Вудсток го изнајмиле за 10 000 долари во пролетта во 1969 г. На градските власти им било кажано дека нема да присуствуваат повеќе од 50 000 луѓе. Жителите на градот веднаш се спротивставиле на проектот. На почетокот на јули градскиот одбор изгласале закон со кој ќе треба да се побара дозвола за какво било собирање на повеќе од 5 000 луѓе. На 15 јули 1969 година, Апелациониот Одбор на градот Валкил и официјално го забранил концерот врз основа на тоа што планираните подвижни тоалети не ги задоволувале барањата на градот. Меѓутоа, извештаите за забраната се претвориле во извор на богатство за фестивалот.
Според Елиот Тибер, во неговата книга од 2007 г. Преземање на Вудсток, Тибер понудил да биде домаќин за настанот на неговиот мотел на површина од 61 000 м2, и добил дозвола за тоа. Тој тврди дека тој ги запознал организаторите со сточарскиот фармер Макс Јасгур. Сепак, Ланг го порекнува тврдењето на Тибер и вели дека Тибер го запознал со некој трговец со недвижен имот, кој го одвел, без Тибер, до фармата на Јагар. Синот на Макс, Сем Јагар, се согласува со тврдењето на Ланг. Земјиштето на Јагар формирало природен басен, накосувајќи се кон вештачкото езерце Филипини на северната страна. Сцената требала да се постави во подножјето на ридот, при што езерцето Филипини ќе било во позадината. Тоа езерце станало популарно одредиште на нудистите.
Организаторите повторно им кажале на градските власти на Бетел дека не очекуваат повеќе од 50 000 луѓе. И покрај противењето на жителите и натписите со содржина „Не купувајте млеко. Запрете го Хипи музичкиот фестивал на Макс.“, правобранителот на градот Бетел, Фредерик В. Шадт и градежниот инспектор Доналд Кларк ги одобриле дозволите, но градскиот Одброр на Бетел одбил да ги издале и формално. На Кларк му било наредено да издале наредба за прекинување со работите.
Бесплатен концерт
[уреди | уреди извор]Доцната промена во локацијата на концертот не им дала доволно време на организаторите да се подготват добро. На еден состанок три денови пред започнување на концертот, организаторите сфатиле дека имаат два избори. Едниот избор бил да се засили оградата и зголеми безбедноста, што би можело да има за резултат поголемо насилство, а другиот вклучувал да се ангажираат сите расположливи ресурси и да се заврши сцената, со што Потфатот Вудсток би претставувал и финансиски хит. Толпата што почнала да надоаѓа и во поголем број од предвиденото ја донела за нив одлуката. Оградата била исечена ноќта пред концертот.
Фестивал
[уреди | уреди извор]Приливот на посетители на концертот во руралното гратче Бетел создал огромен сообраќаен метеж. Стравувајќи од неред бидејќи илјадници започнале да доаѓаат во градот, Бетел се откажал од своите прописи и правила. Конечно, објавите на радио станиците сè до Менхетен и сликите за сообраќајниот метеж на телевизиските вести, ги обесхрабрило луѓето во помислата да тргнат кон фестивалот. Арло Гатри дал изјава која била вклучена ви филмот дека автопатот во државата Њујорк е затворен. Директорот на музејот Вудсток споменат подолу рекол дека тоа никогаш не се случило. Како капак на проблемите и тешкотиите во справувањето со толпата, скорешните дождови предизвикале кал по патиштата и полињата. Локацијата не била опремена со санитарии и прва помош за толкав број на луѓе, со што стотици и илјадници се нашле во ситуација да се борат со лошото време, недостигот на храна и лошите санитарии.
Утрото, во недела, 17 август, гувернерот на Њујорк, Нелсон Рокфелер го повикал организаторот на фестивалот, Џон Робертс, и му кажал дека размислува да доведе 10 000 членови од Националната Гарда на Њујорк на фестивалот. Робертс успеал да го наговори Рокфелер да не го направи тоа. Округот Саливан прогласнил вонредна состојба.
„Бевме подготвени да почнеме. Чекавме и чекавме и конечно дојде и нашиот ред... ... половина милион луѓе спиеја. Тие луѓе биле таму, надвор. Сè прилегаше на слика од „Пеколот“ на Данте, само тела како од пеколот, сите сплеткани, помешани и заспани, покриени со кал. A ова е мигот што нема никогаш да го заборавам, сè додека живеам: четвртина милја подалеку, во мракот, на другиот крај од оваа поле, имаше некој кој се обидуваше да ја запали запалката и чув: „Не грижи се за тоа, Џон. Ние сме со тебе.“ На целиот фестивал свирев само за него.“- Џон Фогети за настапот на Криден Клирвотер Ривајвл во 3 часот наутро, на Вудсток.
„Иако фестивалот бил неверојатно мирен, земајќи го предвид бројот на посетители и условите таму, сепак имаше три евидентирани несреќи: една несреќа за која се мисли дека била предозирање со хероин и друга предизвикана во несреќа кога трактор прегазил посетител кој спиел во оближното поле со сено. Имаше и две породувања регистрирани на фестивалот (едно во кола заглавена во сообраќајниот метеж, а друго во болница по префрлање таму со хеликоптер) и четири спонтани побацувања. Усно сведочење во филмот го потврдува случајот со предозираност, оној со прегазување на човек и барем едно породување, заедно со голем број на случаи со главоболки.
По концертот, Макс Јасгур, сопственикот на фармата, гледал на настанот како на победа на мирот и љубовта. Тој зборувал за тоа како речиси половина милион луѓе, потенцијални предизвикувачи на несреќа, немири, грабеж и катастрофа, поминале три денови со музика и мир во нивните умови. Тој сметал дека „доколку им се придружиме, ќе можеме да ги претвориме сите неволји и немаштија кои се денес проблем во Америка во надеж за една посветла и помирна иднина...“
Озвучување
[уреди | уреди извор]Озвучувањето за концертот било направено од страна на Бил Хенли, чии иновации во индустријата на озвучување му ја донеле престижната награда Парнели. „Сè се одвиваше одлично“ - изјавил тој за настанот. „Конструирав посебни столбови за звучниците на ридовите и имав 16 антени за звучниците поставени на квадратеста платформа, кои одеа горе, до ридот, на кули високи 21 метар. Сметавме на најмногу 150 000 до 200 000 луѓе. Се разбира, дојдоа 500 000 луѓе.“ АЛТЕК дизајнирал 4-15 креденци (плакари) од иверица кои тежеле по половина тон парче, биле високи 1.8 м. речиси 1.2 м. длабоки и 0.91 м. широки. Секој од овие креденци носел четири звучници JBL D140 од 380 мм. Високотонските звучници се состоеле од Алтек сирени од типот 4х2-ќелиски и 2х10-ќелиски. Зад сцената имало три трансформатори кои обезбедувале струја од 2 000 ампери да ги напојувале поставени засилувачи. Многу години подоцна овој систем го нарекувале Сандаците на Вудсток.
Настапувачи
[уреди | уреди извор]Триесет и два изведувачи настапиле распоредени во 4 дена:[1]
Петок, 15. август
[уреди | уреди извор]Фестивалот започнал на 15. август во 17:07 со настапот на Ричи Хејвенса и останатите кантри музичари.
- Ричи Хејвенс
- Свами Сенчидананда,
- Свитвотер
- Инкредибл стринг бенд
- Берт Самер
- Тим Хардин
- Рави Шанкар
- Мелани
- Арло Гатри
- Џоан Баез
Сабота, 16. август
[уреди | уреди извор]- Квил
- Киф Хартли бенд
- Кантри Џо Макдоналд
- Џон Себастијан
- Сантана
- Кенд Хит
- Маунтин
- Џенис Џоплин
- Грејтфул дед
- Криденс клирвотер ривајвал
- Слај енд фамили Стоун
- Ху
- Џеферсон ерплејн
Недела, 17. август до понеделник, 18. август
[уреди | уреди извор]- Џо Кокер
- Кантри Џо енд Фиш
- Тен јирс афтер
- Бенд
- Блад, свет енд тирс
- Џони Винтер
- Крозби, Стилс, Неш енд Јанг
- Пол Батерфилд блуз бенд
- Ша-на-на
- Џими Хендрикс
Медиумска покриеност
[уреди | уреди извор]Многу малку репортери од непосредната околина биле на сцената. Во текот на првите два дена на фестивалот, националните медиуми го истакнале проблемот. Насловите на насловната страница на весникот Њујорк Дејли Тајмс биле: „Сообраќајот е закрчен на местото кај Хипи фестивалот“ и „Хипиците се валкаат во море од кал.“ Ставот на медиумите станал нешто попозитивен при крајот на фестивалот, делумно бидејќи родителите на посетителите на фестивалот ги викнале медиумите и им кажале, врз основа на телефонските повици добиени од нивните деца, дека извесувањето на медиумите било неточно.
Њујорк Тајмс пишувал за увертирата на фестивалот и за селењето од Вилкил во Бетел. Бернард Колиер, кој известувал за настанот за Тајмс, тврди дека бил под притисок од уредниците на весникот да напише напис со неточни и негативни информации за фестивалот. Според Колиер, тоа довело до жолчни дискусии и тој се заканил дека нема да го напише написот ако главниот уредник, Џејмс Рестон, не му дозволи да го напише онака како што тој, Колиер, сметал дека треба. Конечната верзија на написот обработувала теми со сообраќајни метежи и помали прекршувања на законот, но сепак ја нагласила соработката, великодушноста и добрата природа на посетителите на фестивалот. Кога фестивалот завршил, Колиер напиша друг напис за егзодусот на обожавателите од местото на фестивалот и за ненасилничкиот карактер на настанот. Главниот медицински службеник одговорен за настанот и неколку месни жители биле цитирани во нивните пофалби за посетителите на фестивалот. Тајмс Хералд-Рекорд, единствениот локален дневен весник во Мидлтаун во државата Њујорк, се произнел против законот кој го забранил фестивалот во Вилкил. За време на фестивалот било објавено реткото саботно издание на весникот. Весникот бил единствениот со телефонска линија директно од местото на настанот и користел моторџија за да ги добие сликите и приказните од непроодната толпа на местото, до канцеларијата на весникот.
Филмови
[уреди | уреди извор]Документарниот филм Вудсток, режиран од Мајкл Ведли и уреден од Телма Шунмејкер и Мартин Скорсис, бил прикажан во 1970 година. Арти Корнфелд (еден од промовирачите на фестивалот) дошол кај Фред Вајнтроб, еден вработен во Варнер Брос, и побарал пари за да сними филм за фестивалот. Претходно Арти бил секаде одбиен, но Фред Вајнтроб станал негов херој и, покрај јасно изнесените желби на другите вработени во Варнер Брос, Вајнтроб влегол во играта и му дал на Корнфелд 100 000 долари да го сними филмот. Вудсток помогнал да се спаси Варнер Брос во време кога компанијата била на работ на банкрот.
Ведли собрал екипа од околу 100 луѓе од филмската сцена на Њујорк. Без пари да ја плати екипата, тој се согласи на шемата или двојно или ништо, според која екипата требаше да добие двојна плата, ако филмот успее, односно ништо, ако тој е фијаско. Ведли се обиде да направил филм за Хипиците исто колку и за музиката, слушајќи ги нивните чувства за настаните кои се случуваа истовремено со фестивалот (на пример, војната во Виетнам), како и ставовите на жителите од градот.
Вудсток ја добил Академската награда за документарно остварување. Филмот се смета за културно значаен од страна на Библиотеката на конгресот на Соединетите Држави. Во 1994 година, Вудсток бил прикажан, вклучувајќи ја Џенис Џоплин, како и дополнителни настапи на Џеферсон Ерплеин, Џими Хендикс и Кенд Хиит, кои ги немало во првичната верзија на филмот. Во 2009 година, филмот бил повторно прикажан на ДВД. Ова прикажување претставувало прва можност филмот да се гледа на Блу-реј диск.
Друг филм за Вудсток со име Преземање на Вудсток бил снимен во 2009 година од страна на тајванскиот режисер на филмови, Енг Лии.
Албуми
[уреди | уреди извор]Во продажба биле пуштени два албуми со музика од филмот. Првиот, Вудсток: музика од првичната верзија и повеќе, бил албум со 3 лонг-плеи плочи (подоцна 2 ЦД-иња), кој содржел избор од една или две песни од повеќето од настапувачите на фестивалот. Една година подоцна, Вудсток 2 се појавил во форма на два лонг-плеј албуми. Обата албуми вклучува снимки на најави на сцена (на пр., „[Речено ни е] дека кафената киселина не е нешто посебно добра“, „Еј, ако се концентрираме навистина силно, можеби ќе можеме да го запреме дождов.“) и извици од толпата (на пр., „напевот на дождот“) помеѓу песните. Во 1994 година, трет албум, Дневникот за Вудсток бил пуштен во продажба. Тонските записи од сите три албуми, како и бројни дополнителни, претходно необјавени настапи од фестивалот, но без коментарите од сцена и од публиката, биле повторно објавени од Атлантик како комплет од 4 ЦД-иња под име Вудсток: Три денови на мир и музика.
Еден албум под име Џими Хендикс: Вудсток исто така бил објавен во 1994 година, во кој биле внесени само одбрани снимки на настапот на Џими Хендрикс на фестивалот. Подолг комплет, со два диска, Во живо од Вудсток (1999) ја прикажува речиси секоја песна изведена на настапот на Хендрикс, испуштајќи само две песни кои ги пеел неговиот ритам гитарист.
Во 2009 година, Џо Кокер објавил албум во живо на целиот негов настап на Вудсток. Албумот содржел единаесет тонски записи, од кои десет не биле претходно објавени.
Во 2009 година, целосните настапи на Сантана, Џенис Џоплин, Слаи енд д фемили стоун, Џеферсон ерплеин, и Џони Винтер биле објавени одделно од Сони БМГ/Легаси, а биле и собрани во една колекција насловена Доживувањето Вудсток. Исто така, во 2009 година Рино Рекордс издале колекција од 6 ЦД-иња, Вудсток: 40 години подоцна: Назад на фармата на Јасгур, кој вклучува дополнителни музички настапи како и најави од сцена и друг дополнителен материјал.
Последици
[уреди | уреди извор]Макс Јасгур одбил да ја изнајми неговата фарма за обновен концерт во 1970 година, велејќи: „Што се однесува до мене, јас се враќам на работата на мојата сточарско-млекарска фарма.“ Јасгур починал во 1973 година, но неговиот син сè уште ја води млекарската фарма.
Гласачите во Бетел го исфрлиле нивниот водач во избори одржани во ноември 1969 година, поради неговата улога во доведувањето на фестивалот во градот. Државата Њујорк и градот Бетел изгласале бројни закони во однос на собири, со кои се спречува изведувањето на нови фестивали. Биле вложени напори да се спречи посетата на местото од страна на луѓето, при што сопствениците на фармата расфрлале измет од кокошки, а за време на една годишнициа, трактори и полициски возила направиле блокади на патиштата. 20 000 луѓе се собрале на местото во 1989 година за време на една импровизирана и неподготвена прослава на 20 годишницата на фестивалот. Еден месен жител поставил споменик на местото, а во 1997 година една група од заедницата поставила знак со добредојде на посетителите. За разлика од Бетел, градот Вудсток се обидел неколкупати да ја претвори во пари својата озлогласеност. Ставот на Бетел се сменил во последниве години и сега градот зборува со тон на прифаќање за фестивалот. Напорите довеле до создавање на врска помеѓу Бетел и Вудсток.
Приближно 80 судски спорови биле водени против фирмата Потфатот Вудсток. Со филмот се извршиле финансиските израмнувања и се исплатил долгот од 1.4 милиони долари што Потфатот Вудсток го имал поради фестивалот.
Вудсток денес
[уреди | уреди извор]На местото е поставена плоча во спомен на фестивалот. Полето и сцената се сочувани во нивната селска средина. На ридот е подигната концертна сала, а полињата на старата фарма на Јасгур сè уште ги посетуваат луѓе од сите генерации.
Во 1997 година, местото на концертот и 5.7 км2 биле купени од Алан Греи, за да го создаде Уметничкиот центар во Бетел. Центарот се отвори на 1 јули 2006 година, со настап на њујоршката филхармонија. На 13 август 2006 година, Крозби, Стил, Неш енд Јанг настапиле пред 16 000 обожаватели во новиот Центар - 37 години по нивниот историски настап во Вудсток.
Музејот во Бетел се отворил во јуни 2008 година. Музејот содржел филм и интерактивни прикази, панели со текст и артефакти кои го истражуваат оригиналниот настан, фестивалот Вудсток, неговата важност како кулминирачка случка на деценијата полна со радикални културни трансформации, и наследство од шеесеттите и Вудсток денес.
40-гоишнина на Вудсток
[уреди | уреди извор]Имало голем интерес на медиумите во целиот свет а 40-годишнината на Вудсток во 2009 година. Неколку активности во спомен на фестивалот биле одржани низ целиот свет. На 15 август, во Центарот за уметности во Бетел кој е со поглед на оригиналната локација, најголемиот собир на поранешни настапувачи на Вудсток од настапот во 1969 година бил одржан во еден осумчасовен концерт пред публика која ги имала купено сите билети. Домаќин на концертот бил Кантри Џоу МекДоналд, а настапиле Биг Брадер енд д холдинг кампани кои ги извеле хитовите на Џенис Џоплин (таа всушност и се појави на Вудсток со Козмик Блуз Беник, иако групата го промовирала тогаш поранешниот гитарист на Биг Брадер, Сем Ендру), Кенд Хиит, Тен Јиаз Афтер, Џеферсон Старшип, Маунтинм и звездите, групата Левон Хелм. На Вудсток, Левон Хелм свирел тапани и бил еден од водечките вокали со Д бенд. Пол Кантнер бил единствениот од составот на Џеферсон Ерплени од 1969 година, кој се појави со Џеферсон Старшип. Том Константен, кој свирел клавијатура со Грејтфул Дед на Вудсток, му се придружи на Џеферсон Старшип на сцената за неколку точки. Џоко Марселино од Ша На На исто така се појавил, поддржан од Кенд Хиит. Ричи Хевенс, кој го отвори Вудсток фестивалот во 1969 година, се појавил на посебен настап претходната вечер. Крозби, Стил, Неш енд Јанг и Арло Гатри исто така ја обележале годишницата со настапи во живо во Бетел порано, во август 2009 година.
Друг настан се случил во Хокраст, Кент (ОК), на забава наречена Лето на љубов, со настапувачи кои вклучувале два од првичните настапувачи на Вудсток, Бери Мелтон од Кантри Џоу енд д фиш и Робин Вилијамс од Ди Инкредабл Стринг Бенд, плус придружните групи за Сантана и Грејтфул Дед. На 14 и 15 август 2009 година, концерт во чест на 40-годишнината на Вудсток фестивалот бил одржан во Вудсток, и тоа бил единствениот фестивал кој го доби благословот на „Отецот на Вудсток“, Арти Корнфелд. Корнфелд подоцна се појавил на Вудсток со промотерите на настанот.
Исто така, во 2009 година, Мајкл Ланг и Хоули Џорџ-Ворен го објавиле Патот кон Вудсток, во кој е опишана вклученоста на Ланг во создавањето на музичкиот и уметничкиот фестивал на Вудсток, а вклучува лични приказни и цитати од централни личности вклучени во настанот.
Во популарната култура
[уреди | уреди извор]Како еден од најголемите рок фестивали на сите времиња и културен репер за доцните шеесетти години, Вудсток е споменуван на многу различни начини во популарната култура. Фазата „Вудсток генерацијата“ стана дел од вообичаениот речник. Пофалби и критики за фестивалот започнале речиси веднаш откако стивнале звуците на музиката. Се вели дека Чарлс Шулц го крстил неговиот повторлив карактер, птицата Вудсток од Пинатс, во чест на фестивалот. Во април 1970 година, Мед магазин го објавил „Го паметам, го паметам чудесниот Вудсток“ како пародија на сообраќајниот метеж и предизвиците за да се дојде доволно близу за да може да се чуе музиката. Во 1973 година, шоуто Нешанал Лампуунс Лемингс го прикажал фестивалот „Вудчак“, пародија на голем број од настапувачите во Вудсток.
Современата култура продолжува да го памети Вудсток со „Ху на Вудсток во 1969 година“ на магазинот Тајм и неговата список на „10 врвни музички фестивалски мигови“ објавена на 18 март 2010 година.
Во 2005 година, аргентинскиот писател Едгар Бро ја објавил книгата Вудсток, долга поема во спомен на фестивалот. Англиски превод на таа поема бил објавен во јануари 2007 година од страна на Зборови без граници.
Во 2017 година, пејачката Лана Дел Реј објавила песна „Coachella – Woodstock in My Mind“ (Коачела – Вудсток на ум) за да ги покаже своите загрижености за тензиите меѓу Северна Кореја и САД додека била на Коачела, изразувајќи носталгија користејќи го фестивалот Вудсток како симбол на мир.
Во 2017 година, рок-групата од Портланд, Португал. д Мен, објавила албум насловен како Вудсток, инспириран од разговор помеѓу фронтменот Џон Гурли и неговиот татко откако вториот го открил неговиот билет за фестивалот.
Во август 2019 година, Поштенската служба на Соединетите Американски Држави издала поштенска марка „Засекогаш“ во чест на 50-годишнината од Вудсток. Марката е дизајнирана од Антонио Алкала, уметнички директор на Поштата и првпат е издадена во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк на 8 август 2019 година. Музејот бил домаќин на изложбата „Свири гласно“, ко-организирана со Рокенрол куќата на славните, која се состоела од винтиџ рокенрол инструменти, постери и костими. На церемонијата присуствувале продуцентите на Вудсток, Мајкл Ланг и Џоел Розенман. Церемонијата започнала со „возбудлива“ изведба на електрична гитара од „Капетанот“ Кирк Даглас од „Рутс“ - „потсетувајќи“ на настапот на Џими Хендрикс на оригиналниот фестивал.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Коли на пат кон фестивалот
- Свечено отворање во Вудсток. Свами Сачидананда го држи воведниот говор.
- 15 август, 1969г.
- Публика
- Џо Кокер настапува на Вудсток
- Фотографијата е направена во близина на Вудсток на 18 август 1969 година
- Ричи Хејвенс настапува во Вудсток
- Шатори и автомобили на гледачи во Вудсток
- Статии од весник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Woodstock“. woodstock.com. Архивирано од изворникот May 6, 2021. Посетено на July 2, 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Вудсток (фестивал)“ на Ризницата ? |

| Викиуниверзитетот има учебни материјали за Woodstock Scholarship: An Interdisciplinary Annotated Bibliography |