Кристијан Доплер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристијан Доплер
Christian Doppler.jpg
Роден 29 ноември 1803(1803-11-29)
Салцбург,Австрија
Починал 17 март 1853(1853-03-17) (воз. 49 г.)
Венеција,Италија
Националност австриец
Установи

Чешки технички универзитет

Мишколцки универзитет
Виенски универзитет
Познат по Доплеров ефект

Кристијан Андреас Доплер (германски: Christian Andreas Doppler; 29 ноември 180317 март 1853) — aвстриски математичар и физичар. Тој се прославил со неговиот принцип — кој е познат како Доплеров ефект — кој пак гласи дека набљудуваната фреквенција на бранот зависи од релативната брзина на изворот и набљудувачот. Тој го искористил овој концепт за да ја објасни бојата на двојните ѕвезди.

Биографија[уреди | уреди извор]

Доплер израснал во Салцбург, Австрија, како син на каменорезец. Тој не можел да работи во татковиот бизнис поради неговата слаба физичка кондиција. По заврушувањето на средно училиште, Доплер студирал филозофија во Салцбург и математика и физика на Политехничкиот универзитет (денес Виенски технички универзитет) каде што тој почнал да работи како асистент во 1829 година. Во 1835 тој почнал да работи во Прашката политехничка школа (денес Чешки технички универзитет), каде што и добил звање во 1841 година.

Куќата во Прага во која Кристијан престојувал од 1843 до 1847 година.

Една година подоцна, на 38 години, Доплер одржал предавање на Кралското бохемиско друштво за науките и подоцна ја издал неговата најзначајна работа „За обоената светлина на двојните ѕвезди и други ѕвезди на небесниот свод“ (Über das farbige Licht der Doppelsterne und einiger anderer Gestirne des Himmels). Постои и факсимилно издание со англиски превод од Алек Еден.[1] Во неговата работа, Доплер го објаснува неговиот принцип (подоцна наречен Доплеров ефект) така што набљудуваната фреквенција на бранот зависи од релативната брзина на изворот и набљудувачот, и тој пробал да го употреби овој концепт за да ја објасни бојата на двојните ѕвезди. Во тој период во Прага како професор тој публикувал повеќе од 50 статии од областа на математиката, физиката и астрономијата. Во 1847 година тој ја напуштил Прага за да работи како професор по математика, физика и механика на Академијата за рударство и шумарство (денес Мишколцки универзитет) во Банска Штјавница (тогашно Унгарско кралство, денес, Словачка),[2][3] и во 1849 година се преселил во Виена.[4]

Доплеровото истражување во Прага било прекинато поради револуционерните инциденти во март 1848 година, кога тој избегал во Виена. Таму тој бил назначен за директор на Институтот за експериментална физика на виенскиот универзитет во 1850 година. За време на неговиот престој, Доплер заедно со Франц Унгер, одиграле важна улога за развивањето на младиот Грегор Мендел, познат како таткото на генетиката, кој бил студент во Виенскиот универзитет од 1851 до 1853 година.

Доплер починал на 17 март 1853 на 49 години од белодробно заболување во Венеција (во тој период дел од Австриската империја).Неговиот гроб, пронајден од д-р Питер М.Шустер [5] е на влезот на венецијанските островски гробишта од Сан Микеле.[6]

Целосно име[уреди | уреди извор]

Постои големо недоразбирање околу целосното име на Доплер. Доплер себеси се нарекувал Кристијан Доплер. Евиденцијата на неговото раѓање и крштевање се водат под името Кристијан Андреас Доплер. Четириесет години по смртта на Доплер, започанала погрешна употреба на Јохан Кристијан Доплер од страна на астрономот Јулиј Шајнер.Од тогаш грешката на Шајнер била распостранета низ научните кругови.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 {{Cite book |last = Eden |first = Alec |title = The search for Christian Doppler |publisher = Springer-Verlag |location = Wien |year = 1992 |isbn = 0-387-82367-0 |postscript
  2. http://www.ombkenet.hu/bkl/banyaszat/2003/bklbanyaszat2003_5_07.pdf
  3. http://www.uni-miskolc.hu/public/index.php?page_id=640
  4. http://www.whonamedit.com/doctor.cfm/3039.html
  5. Schuster, Peter M. (2005). Moving the Stars — Christian Doppler: His Life, His Works and Principle, and the World After. Pöllauberg, Austria: Living Edition. ISBN 3-901585-05-2 (translated by Lily Wilmes; Webpage of the author)
  6. Štoll, Ivan. (1992). „Christian Doppler — Man, Work and Message“. The Phenomenon of Doppler: 28. Prague: The Czech National University.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]