Коприви

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фамилија на коприви
Urtica dioica (илустрација)
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Rosales
Фамилија: Urticaceae
Juss., 1789
Синоними

Cecropiaceae C. C. Berg[1]

Фамилијата на коприви (лат. Urticaceae) се состои од еднодомни или дводомни тревести или поретко грмушести растенија или мали дрвја, групирани во 54 до 59 родови со околу 2600 видови (според Кралски ботанички градини, Кју). Најпознат род од оваа фамилија е родот Urtica (коприва).

Морфологија[уреди]

Многу членови од оваа фамилија поседуваат специјализирани боцки на својата телесна површина, кои при контакт со друго тело прскаат и ослободуваат киселина. Листовите кај повеќето претставници се последователни или наспрамни, и речиси секогаш имаат прилисници.

Ситните, еднополови цветови се собрани во цимозни соцветија. Околуцветникот се состои најчесто од 4 до 5 недиференцирани венечни ливчиња, или, пак, може да отсуствува. Машките цветови обично имаат прашници на секое ливче од околуцветникот, ориентирани спротивно од ливчињата. Женските цветови имаат еден толчник со натцветен или потцветен плодник кој се состои од еден базален семенов зачеток на една локула. Устенцето е четковидно и издолжено или капитатно. Плодот е ахенија или костелка, додека кај одредени видови овие се здружуваат и даваат повеќеделен плод.

Цветен дијаграм на машки и женски цвет од Urtica.

Родови[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Germplasm Resources Information Network (GRIN) (17 јануари 2003). „Family: Urticaceae Juss., nom. cons.“ (HTML). „Таксономија за растенија“. USDA, ARS, National Genetic Resources Program, National Germplasm Resources Laboratory, Белтсвил, Мериленд. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/family.pl?1165. конс. 24 април 2008.