Константин Бели - Македонецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Κωνσταντίνος Βέλλιος.JPG
Роден 7 март 1770
Блаца, Кајларско, Егејска Македонија
Починал 23 декември 1838 [1]
Виена, Австрија
Познат македонски национален деец


Константин Бели - Македонецот (7 март 1770 - 11 декември 1838) — австриски барон од македонско потекло, роден кон средината на XVIII век во Блаца, Кајларско, Егејска Македонија, од каде неговото семејство се иселува во Австро-Унгарија.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Блаца, Кајларско. Завршил високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (во битката за приматот околу германските национални обединувања и разединувања против Австрија и Прусија).

Натрупува богатства и имоти кои му ја унапредуваат целата кариера. Правилата по европските империи, не дозволувале на странец кој не може да докаже неколку колена благородничка крв да стане член на некој од Редовите и тајни друштва а уште потешко пак да се здобие со баронски титули. Но Константин Бели достигнал сѐ.

Далечината пак од родната Македонија, му ги јакне македонските чувства, копнее Македонија да е слободна. Сфаќајќи дека без организирана интелигенција, македонизмот не ќе може да се оддржува а камо ли шири, тој се насочува во образувањето македонски кадри и во помош на напатениот македонски народ.

Тајните друштва се влијателни но не и пресудно влијателни. Основната дејност им е на хуманитарни активности од тајна или полутајна природа. Баронот Бели во овие граниици ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол. Во личната порака за ова баронот Бели пишува:

“Кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш општинскиот совет на Постол е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија“;


остава дел од имот во пари со Завештание од нив: “Да се издржуваат извесен број клиники во кои се лекуваат Македонци болни од секаква болест“ a овој Фонд да се вика:

„ЛЕГЛА НА БОЛНИТЕ — ШТИТЕНИЦИ НА БАРОНОТ КОНСТАНТИН БЕЛИ - МАКЕДОНЕЦОТ“;


основа и Фонд за образување Македонци – студенти и го именува со:

„КОМИСИЈА ЗА СМЕСТУВАЊЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОСТАВНИНАТА НА КОНСТАНТИН БЕЛИ“;


Баронот Бели изнесува и подробности дека потпишал и “Завештание” при Баварската влада од чија камата:

„Да се дава стипендија на двајца Македонци за време од 6 години што би студирале на Академијата во Минхен”,


кои баронот однапред ги признава – како “усвоени синови на г-дин Бели”. Единствен услов кој се барал од нив во тестаментот е:

„ДА ЈА САКААТ И ДА ЈА ПОЧИТУВААТ НАШАТА ДРАГА НЕКОГАШ СЛАВНА ТАТКОВИНА - МАКЕДОНИЈА”


За олеснат пристап на Македонците, баронот овој Фонд од Минхен подоцна го преселува во Атина како најблиска слободна христијанска столица во тоа време.

Григор Прличев, како Македонец е корисник на фондот од баронот Бели за стипендирање на студенти Македонци[уреди | уреди извор]

Бидејќи упатствата биле јасни во однос македонската народност на студентите, Грците подоцна сакајќи да го ескивираат овој Фонд одат на студенти Македонци но кои би ги превзеле под својата пропаганда. Така еден од нив е и студентот по медицина Григор Прличев од Охрид кој се издржува од оваа стипендија на баронот, кога го создава “Сердарот”.

Грците го наградуваат Прличев со македонски пари т.е. пари дадени за македонска кауза, што ги користат всушност за грчка, а во времињата кога баронот и не може да влијае зашто е веќе починат а извршителите на оставината природно се поврзуваат со властите и тајните грчки ложи во Атина (зашто и самите се изгледа дел од тајни ложи).

Интересно е што подоцна и синот на Прличев, Кирил е член на тајни масонски ложи иако веќе преселен во Бугарија. Со ова веројатно е направен спојот помеѓу баронот Константин Бели и неговите извршители кои ги образуваат но внесуваат и штитеници од Македонија во ложите. Очигледна е и стратегијата на тајните ложи да се игра двојно - покрај мисијата и со секоја власт каде ќе се најде членот на ложата (Бели со австриската, извршителите со грчката, синот на Прличев со бугарската подоцна и.т.н).

Апел кон своите еднородци Македонци[уреди | уреди извор]

Вистинската љубов на баронот Константин Бели кон својот македонски народ и воопшто македонизмот уште во почеток на XIX век најдобро ги изразил во својот “АПЕЛ“ упатен “ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “, напишан на грчки и објавен од Виена во 1838 год:

АПЕЛ [3]

Виена, 1838 год.

“Свештено е навистина чувството да се сака татковината, неизбежно е за секој благороден човек и е неопходно за оние кај кои останала трага од честољубивост и сакаат да живеат вечно од устата на поколението, а не да умрат наеднаш, откако го подишат за неколку минути како и животните оној атмосферски воздух и избришани од списокот на живите, да останат засекогаш непотребно бреме на земјата. Но колку е оваа вистина светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз ЧУВСТВАТА на сите нас.

НИЕ, БОГАТИТЕ, благодарение на она што тркаламе во изобилството на печалбите, мислејќи повеќе на своето лично и материјално богатство, само се стремиме да ги умножиме своите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија, откако еднаш не одвлекла од умереноста, сака да не заблуди во бескорисни и фантастични среќи, кои всушност никогаш во животот не ги најдовме, и си остануваме без да ги вкусиме од она морално и постојано задоволство – ДЕКА СМЕ ГО ПОМОГНАЛЕ БЛИЖНИОТ И СВОЈАТА ТАТКОВИНА.

А во своите последни минути, уплашени од совеста, умираме мошне нажалени, и нашата татковина, СЛАТКАТА МАЈКА ТАТКОВИНА, не облекува траур за нашата смрт, ниту пак не придружуваат молитви на останатите наши браќа; нашата татковина не отстранува како НЕДОСТОЈНИ ЧЕДА ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ, како туѓинци и изроди со зборовите : “ ВИТОСАЈ СЕ ОД МЕНЕ, ИЗРОДЕ !!! “. И нашето потомство го осудува нашето бесчувство и рамнодушност со обичните зборови: “И жив беше бескорисен, а умрен е достоен за осуда “. Тажен глас ! Жален глас ! Татковината да се откажува од своите чеда, од браќата, од молитвите, а роднините и целиот говорен свет од пофалбата ...“

Виена 1838 год. барон Константин Вељо Бели – Македонецот

(Оригиналот на писмото објавен и во весникот “Лоза “ I /I (1892), II) [4]


Националноста на Константин Бели[уреди | уреди извор]

Историографијата го запомнила Константин Бели - Македонецот, како „Грк“. Но, тука ќе го споменеме и фактот дека, пред 100 и 200 години поимот „Грци“ освен етничка, означувал и класна припадност, односно за „Грци“ биле сметани и сите поситуирани Македонци, Бугари, Ерменци, Власи, Албанци, Срби и др.[5] [6] [7] [8], коишто, или заради грчката црковна пропаганда, или заради помодарство и престиж, дури и јавно говореле и пишувале грчки. А пак, сиромашните селани, земјоделците, сточарите и други, вклучително и етнички Грци, Македонци, Срби, Роми, Албанци, Гагаузи, Татари биле нарекувани „Бугари“ (вулгари).[9][10]

3атоа, “Лозарите” во 1892 год. забележуваат -

“Поминаа цели 54 години откако покојниот Македонец Барон Костадин Бели го упатил од Виена горниот повик „Кон своите еднородци Македонци" во кој е излеана сета негова душа, срце и нерви. Жално е дека неговите патриотски совети, засновани врз вечни вистински принципи досега не биле чуени од оние на кои им се тие упатени. Напишани на грчки јазик, тие можеле да се користат само од Грците. Но за тоа никој не смее да го обвинува покојниот Барон: тогаш нашата татковина беше покриена со дебел мрак, нашиот народен јазик задушен, во нашите училишта и цркви се читало и пеело на грчки, - и Костадин Бели се служи со богат доминантен грчки јазик.“ [11]


И не може човек да остане рамнодушен на овие зборови преточени и во конкретни дејства од страна на баронот Бели, како што не останале подоцна Македонците – патриоти емигранти во Софија кога го покренуваат весникот “Лоза” и самите во улога на печалбари и бегалци. Не случајно првата страница ја започнуват токму со извадок од Апелот на баронот ”кон своите еднородни Македонци”. Пред него само го ставаат геслото на весникот, всушност една изрека од Софокле која вели:

„НИКАКВЕЦ Е ОНОЈ ШТО ИМА ПОДОБАР ПРИЈАТЕЛ ОД СВОЈАТА ТАТКОВИНА“.


Древниот престол на Македонија и македонизмот градот Постол со баронот Константин Бели на овој начин, далеку по Александар го започна новиот македонизам, токму во времето на будењето на нациите. Со ова македонскиот народ се нареди во истиот ред, ниту закасна ниту подрани кога семето се пушти в земи во првата половина на XIX век (1835 год.). Внатре за`рти и се воздигна надземи, кревко во почетокот со нежни ливчиња но тргна, го гледаа и почнаа да се грижат се повеќемина за него- го дофатија “Лозарите” но и следниот голем Македонец од Постол, Крсте Петков Мисирков. Престолот ги дава – великаните, со македонскиот ПРЕСТОЛ - ПОСТОЛ е македонската круна, таму во македонската алеја се наредија најголемите – Александар III Македонски, Константин Бели – “Македонецот” и Крсте Мисирков.

Наводи[уреди | уреди извор]