Козимо де Медичи

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Козимо Стариот)
Козимо де Медичи
Козимо де Медичи
Full name
Козимо ди Џовани дегли Медичи
Роден(а)27 септември 1389(1389-09-27)
Фиренца, Фиренска република
Починал(а)1 август 1464(1464-08-01) (возр. 74)
Вила Медичи, Фиренска република
Благородно семејствоМедичи
Сопружник(ци)Контесина де Барди
Деца
Пјеро
Џовани
Карло (вонбрачен)
ТаткоЏовани ди Бичи де Медичи
МајкаПикарда Бери

Козимо Џовани де Медичи (италијански: Cosimo di Giovanni de' Medici; 27 септември 1389 во Фиренца - 1 август 1464) — прв владетел од династијата Медичи која владеела со Фиренца во поголемиот дел од ренесансата.

Козимо го наследил своето богатство од својот татко Џовани ди Бичи кој бил банкар. Козимо речиси незабележано и без потреси ја претворил Фиренската република во монархија. Тој успеал да создаде силна партија, која наскоро започнала битка со аристократската партија на Алибите. Во почетокот тој доживеал пораз. Во 1433 година бил уапсен каде со поткуп успеал да не биде убиен и бил испратен во Павија а потоа и во Венеција. Уште во следната година неговата партија победила и Козимо се вратил во Фиренца застанувајќи на чело на републиката.

Во политичкиот живот Козимо се трудел да воспостави мир во Северна Италија, преку создавање на рамнотежа на силите помеѓу Фиренца, Венеција и Пелимо и сакал да ја намали интервенцијата на надворешните сили (особено Франција и Светото Римско Царство).

Козимо ја добил славата на заштитник на културата и уметноста. Во 1439 година Козимо Медичи ги испратил своите агенти во светот да најдат древни ракописи и во 1444 тој ја отворил првата јавна библиотека Сан Марко. Ова било револуционерен за своето време чекор, бидејќи дотогаш само црквата ја имала улогата да распространува знаење. По негово наредба биле направени и многу преводи. Козимо Медичи наредил на Фиренскиот универзитет да се учи грчки јазик. Така ова место станало првото место после 700 години каде се изучувал грчки јазик. Тој создал и академија за изучување на учењата на Платон и Питагора. Тој го ангажирал младиот Микелоцо Микелоци да го изгради Палацо Медичи Рикарди.

По неговата смрт во 1464, Козимо бил наследен од својот син Пјеро ди Козимо де Медичи, татко на Лоренцо де Медичи (Лоренцо Убавиот). Неговата гробница е во базилика Сан Лоренцо во Фиренца.