Клонирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Клонирањето претставува умножување што подразбира укинување на секаква индивидуална различност. Во биологијата, клонирањето е процес на создавање група генетски идентични организми од една единка по бесполов пат. Клонирањето предизвикува делби на телесна клетка со кои се добиваат нови единки идентични и со организмот од кој се изведени и меѓусебно.

Биологија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Клонирање (биологија).

Во биологијата, клонот претставува ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.

Микробиологија[уреди | уреди извор]

Во микробиологијата клонот претставува севкупност на потомци од една клетка на родоначалникот. Преку ова се наследуваат гените само на еден предок т.е., само на таткото или само на мајката.

Информатика[уреди | уреди извор]

Во информатиката клонот претставува сметачки систем кој, според можностите што ги нуди, претставува успешна копија на друг стандарден сметачки систем. Најчесто се однесува на сметачки системи складни со оригиналниот.