Смеса
Смесa (или „микстура“) — физичкa мешавинa од чисти супстанции. Пооделните состојки на смесата се викаат фази. За разлика од чистите супстанции, смесите имаат променлив состав и својства. Својствата на смесата зависат од својствата и количествата на компонентите во смесата. При образување на смеса, пооделните состојки не го менуваат својот идентитет.
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Смесите претставуваат водени течни препарати кои содржат едни или повеќе раствори. Суспендирани или диспергирани цврсти супстанци, наменети за интерна употреба.
Нерастворливите супстанци несмеат да ја прават смесата многу густа. Честичките може да се одржат во суспензии со употреба на соодветни помошни средства за суспендирање или згуснување. На смесите може да им се додаваат и различни помошни средства за исправка на вкусот, мирисот и бојата.
Во случаи кога смесите содржат и нерастворливи лековити супстанци, како талог, се нарекуваат разматени (возбудени) смеси. Овој талог треба со силно протресување правилно да се диспергира и минимум три минути да ја задржи оваа состојба.
Видови смеси
[уреди | уреди извор]Смесите можат да бидат хомогени и хетерогени.
- Хомогени се смеси со еднороден состав во сите свои делови. Меѓу компонентите од хомогената смеса не се забележува видлива граница меѓу одделните фази. Примери за вакви смеси се воздухот, како и најголемиот број гасови, раствори и различни легури.
- Хетерогени се смеси со нееднаков состав во сите свои делови. Кај нив постои јасно видлива граница меѓу пооделните фази, кои, сами за себе се хомогени. Примери се: масло и вода, песок и вода, карпи со различни минерали, чадот итн.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на физиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|