Кладно
Кладно | |||
Град | |||
Општинската сала
| |||
|
|||
Земја | Чешка | ||
---|---|---|---|
Регион | Централна Бохемија | ||
Област | Кладно | ||
Височина | 384 м | ||
Координати | 50°9′N 14°6′E / 50.150° СГШ; 14.100° ИГД | ||
Површина | 36,9 км2 | ||
Население | 68.552[1] (декември 2016) | ||
првпат спомената | 14 век | ||
Градоначалник | Милан Волф | ||
Поштенски бр. | 272 01 | ||
Локација во Чешка
| |||
На Ризницата: Кладно | |||
Портал: www.mestokladno.cz | |||
Кладно (чешки: Kladno) — значаен град во Чешка и најголемиот град на историската област Бохемија. Кладно е најголемиот град и административна единица на Средночешкиот крај, но не и седиште (тоа е главниот град Прага, која го опкружува овој крај, но е независна единица, Прага). Кладно е седиште на засебната област Кладно во овој крај.
Градот е познат како „најголемото предградие“ на Прага, бидејќи се наоѓа на само 25 км од центарот на чешката престолнина.
Географски одлики
[уреди | уреди извор]Кладно се наоѓа во западниот дел на Чешка и е оддалечен 25 километри од главниот град Прага на запад. Се наоѓа во историската област Бохемија. Градот се наоѓа на надморска височина од приближно 380 метри. Западно од градот се издига Кривоклатската планина. Климата во градот е умерено континентална. Во градот нема реки, а во близина на градот се наоѓа Кладенското езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Кладно било населено уште во времето на праисторијата. Населбата под тековното име, за првпат во пишани документи се споменува во 14. век. Градот со векови бил средиште на тешката индустрија во Бохемија.
Во 1919 година станал дел од новосоздадената Република Чехословачка. За време на комунизмот градот бил нагло индустријализиран и дошло до нагло зголемување на населението. По осамосотојувањето на Чешка дошло до опаѓање на активностите на тешката индустрија.
Население
[уреди | уреди извор]Кладно денес има околу 68 илјади жители, а во последните години бројот на жители во градот полека се зголемува. Покрај чесите, во градот живеат словаци и Роми.
Фотографии од градот
[уреди | уреди извор]-
Кладно од воздух
-
Градскиот булевар
-
Флоријанската капела
-
Палатата во стилот на Неоресансата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Попис на населението во 2016 (чешки)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место (англиски)(чешки)