Кинеска работа
Кинеска работа | |
---|---|
Жанр | теленовела |
Создадена од | Мигел Фалабела |
Улоги | Фабио Асункао Грациели Масафера Рикардо Переира Тијаго Фрагосо |
Воведна тема | Lig Lig Lig Lê, Ney Matogrosso |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 132 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Првично прикажување | 6 октомври 2008 – 13 март 2009 |
Хронологија | |
Следбеник | Рај (2009) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | negociodachina.globo.com |
Кинеска работа (португалски: Negocio da China) — бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 6 октомври 2008 год. Серијата се емитува во терминот во 6 часот, каде што последните три години беа прикажувани костимирани новели. Сепак поради слабиот успех на последните неколкумина новели, Глобо одлучи овој пат во овој термин да биде емитувана новела во сегашнов време. Снимањето на серијата се одвива во Рио де Жанеиро, Саун Пауло, Макао, Хонгконг и Лисабон.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Кинеска работа е урбана комедија со забавни и екстравагантни ликови. Приказните се одвиваат во Рио де Жанеиро и Саун Пауло во Бразил, Макао и Хонгконг во Кина и Лисабон во Португалија. Приказната започнува со милионска кражба во едно казино во Кина; кражба извршена од страна на Лиу. Парите и информациите за таа кражба стигнуваат до Бразил, а тоа влијае на животите на сите жители во еден фиктивно предградие, Парке дас Насоис, каде живее романтичната Ливија, типична девојка која бара подобар живот за своето семејство во Португалија, но по неуспехот, ќе се врати во Бразил. Таа е мажена за Хектор, со кого има дете од 11 години, Тео. Поради раната бременост, тие минуваат низ многу пречки и караници, но сепак не можат да живеат разделени. Караниците уште повеќе ги подбуцнува Лули, мајката на Хектор. Во оваа ситуација, таа ќе се запознае со младиот португалец Жоао, кој дошол да работи во пекарницата на чичко му и да биде покрај мајка му, Аурора. Ливија ќе мора да бира меѓу Хектор и Жоао. Диего е млад кунг фу борец. Тој е убаво момче, син на Жулија, призната докторка. Неговиот живот се менува кога татко му Ернесто, на смртна постела ќе му каже дека е посвоен. Тој се вљубува во младата Селесте, која има сон да стане манекенка. Тој сон ќе почне да ѝ се исполнува, но со тоа и нејзината врска со Диего ќе се влоши. Проблемите ќе станат уште поголеми кога младата Антонела ќе се вљуби во него. Антонела е ќерка на Жоелма и Мауро Бертаци, семејство од висока класа. Мауро е одличен стопанственик, но ја изнерверува сопругата со Дениз, најмладата сестра на Жулија која ѝ завидува дека има совршен брак. Дениз е секогаш нерасположена. Мауро работи со Адриано Фонтанера, богат адвокат, добар по карактер. Тој и татко му, Евандро, се сопственици на адвокатска фирма. Адриано страда со поранешната сопруга Абигаил. Кинеска работа исто така ја раскажува приказната за Мариланис Силвестре, ексцентрична жена која мисли дека знае да пее, а всушност е многу лоша во тоа. Нејзиниот сопруг, со кого има ќерка, неодамна бил киднапиран од револуционерните сили на Колумбија. И покрај ова, таа е секогаш добро расположена и живее убаво покрај ексцентричната роднина на нејзиниот сопруг, Марија Лусија, која сака сите да ја викаат Милу.
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Грациели Масафера | Ливија |
Фабио Асункао | Хектор |
Рикардо Переира | Жоао |
Тијаго Фрагосо | Диего Думас |
Наталија до Вале | Д-р Жулија Думас |
Елиана Роча | Лули Марија |
Ерсон Капри | Адриано Фонтанера |
Франциско Куко | Д-р Евандро Фонтанера |
Занимливости
[уреди | уреди извор]- После серијата “Камена гатанка’, се шушкаше деќа ќе започнува новелата на Бенедито Руј Барбоса, наречена Рај, спрема истоимената бразилска серија од [[[1982]]] која исто така требаше да биде снимана во непознат период. Меѓутоа поради терминот од 6 часот во кој постојано се емитуваа костимирани новели, Глобо продукцијата реши овој пат да биде серија во сегашно време, т.е сега наречена “Кинеска работа”.
- Елизабет Џин, авторот на новелата “Вечна Магија” требаше да го напише сценариото за новелата која што ќе ја замени оваа серија. Но заради неуспех на нејзиниот прв роман, се одлучи следната новела од 6 часот да му припадне на Бенедито Руј Барбоса, која ќе биде замена на “Кинеска работа”.
- Имаше многу проблеми околу глумечкиот попис т.е глумечката екипа за оваа новела. Најпрвен беше кажано дека главниот глумец ќе биде Флавио Алесандро, но заради лични причини, тој не прифати. Алине Мораес исто така беше поканета да биде дел од серијата, но заради нејзината грижа околу децата таа ја одби улогата. Меѓутоа главните улоги им припаднаа на Грациела Масафера, Фабио Асункао и Рикардо Переира.
- За да го оживее ликот на Диего, еден од главните ликови во серијата, Тијаго Фрагосо започна со вежбањата околу КунгФу. Глумециот никогаш не вежбал боречки вештини, иако тоа ќе потрае во серијата.
- Градовите во кои се снимаше серијата се Рио де Жанеиро, Саун Пауло, како и Макао и Хонг-Конг, Кина и Лисабон Португалија.
- Глумецот, Рикардо Переира, повторно се врати во Глобо да игра главен лик во оваа серија. Неговиот последен главен лик беше во серијата “Како еден бран” во 2004 година.
- Оваа серија ќе биде во терминот од 6 часот прва во последните четири години. Последна новела во овој термин беше новелата на Валтер Неграо, “Како еден бран” која беше емитувана во 2004 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 14 септември 2008 г.