Камена гатанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Камена гатанка
Tammy.jpg
Тами ди Калафиори, во улогата на слатката Виржинија
Жанрдрама, историска теленовела
Создадена одАлцидес Ногуеира
УлогиАна Паула Аросио
Даниел Дантас
Марсело Антони
Тами ди Калафиори
Воведна темаRedescobrir, Elis Regina
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди137
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување5 мај 2008 – 3 октомври 2008
Хронологија
СледбеникКинеска работа (2008/9)
Надворешни врски
Мрежна страницаcirandadepedra.globo.com

Камена гатанка (португалски: Ciranda de Pedra) е романтична бразилска теленовела. Писател на серијата е Алцидес Ногуеира. Ова е втора верзија на истоимениот роман на Лигија Фагундес Телес (првата верзија е направена во 1981). Серијата според плановите би требала да има 137 епизоди.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Д-рот Прадо и Лаура не беа создадени еден за друг. Таа има модерни идеи и е посветена на уметноста, додека тој е познат адвокат со традиционални верувања. Притисната од сопругот, Лаура доживува тешка траума и д-р Прадо ја затвора во лудница. Тие се разведуваат и семејството се разделува: тој ги задржува двете постари ќерки Отавија и Бруна, а Лаура најмалата ќерка, Виржинија.

Болна и со економски проблеми, Лаура оди да живее кај д-р Даниел, неврологот кој го следи нејзиниот случај со години. Даниел е заљубен во неа и верува дека нејзината болест не е ментална, туку физичка, и сака таа да закрепне. Лаура пак, од друга страна, крие една тајна од сите: Виржинија е, всушност, ќерка на Даниел. Тој и Прадо се сомневаат во ова, но Даниел сепак почувствително се однесува со девојчето, а Прадо пак, индиферентно.

Неколку години подоцна, Виржинија, веќе девојка, оди да живее во куќата на Прадо заедно со нејзините две сестри и со строгата гувернанта Фрау Херта. Таму се среќава со секаков вид непријателство и потешкотии да се адаптира. Како утеха на Виржинија ѝ служи Конрадо, соседот и симпатија од детството. Но, тој ќе влезе во конфликт со Едуардо, пријател на Виржинија од Вила Маријана каде што таа порано живеела, кој е целосно заљубен во неа.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Тами ди Калафиори Виржинија
Марсело Антони Даниел Фреитас
Ана Паула Аросио Лаура Прадо
Даниел Дантас Натерсио Силва Прадо
Клео Пирес Маргарида
Бруно Гаглиасо Едуардо Рибеиро
Паола Оливеира Летисија
Сиао Блат Афонсо

Надворешни врски[уреди | уреди извор]