Ким Џонг Ун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ким Џонг Ун
김정은
金正恩

Врховен водач на Северна Кореја
Во служба
Стапил
17 декември 2011
Премиер Чое Јонг Рим
Претходник Ким Џонг Ил

Во служба
Стапил
11 април 2012
Заменик Ким Јонг Нам
Чое Јонг Рим
Чое Рјонг Хе
Ри Јонг Хо
Претходник Ким Џонг Ил (ген. секретар)

Во служба
Стапил
13 април 2012
Заменик Ким Јонг Чун
Ри Јонг Му
Џанг Сонг Тек
О Кук Рјол
Претходник Ким Џонг Ил (претседател)

Во служба
Стапил
30 декември 2011[1]
Претходник Ким Џонг Ил

Во служба
Стапил
11 април 2012
в.д.: 17 декември 2011 – 11 април 2012
Заменик Чо Рјонг Хе
Ри Јонг Хо
Претходник Ким Џонг Ил

Потпретседател на Централен воен комитет
Во служба
28 September 2010 – 11 April 2012
Заедно со Ри Јонг Хо
Лидер Ким Џонг Ил
Претходник Position established
Наследник Чо Рјонг Хе
Ри Јонг Хо
Лични податоци
Роден(а) 8 јануари 1983 или 1984[2]
Пјонгјанг, С. Кореја
Партија Работничка Партија на Кореја
Образование Универзитет Ким Ил Сунг
Воен универзитет Ким Ил Сунг
Потпис Потпис на
Воена служба
Припадност  Северна Кореја
Служба 2010–денес
Чин генерал
Заповедник на Врховен командант


Ким Џонг Ун или Кин Џонг-ун[3](8 јануари 1983 или 1984)[4] е сегашниот врховен водач на Северна Кореја. Ким Џонг Ун е назначен и за Прв секретар на Работничката Партија на Кореја, претседателт на Централниот воен комитет, претседател на Националниот одбранбен комитет, врховен командир на Корејската народна армија и член на президиумот на централното политбиро на Работничката Партија на Кореја. Тој бил официјално назначен за врховен водач по државниот погреб на неговиот татко, Ким Џонг Ил, на 28 декември 2011 година.[5] Џонг Ун е трет и најмлад син на Ким Џонг Ил и Ко Јонг Хи.[6] Моментално, според состојбата од 2012, тој е намлад водач во светот.

Биографија[уреди]

Датумот на раѓање на Ким Џонг Ун не е сосема познат, но се верува дека тој е роден во 1983 или 1984 година.[4] Севернокорејските власти формално му дале датум на раѓање и тоа на 8 јануари 1983 година, но во 2009 година 1983 била заменета со 1982 година како негова година на раѓање. Ова најверојатно е дел од подготовките на властите да го промовираат Ким Џонг Ун во следен водач на Северна Кореја бидејќи ако е роден во 1982 година во 2012 година би имал 30 години што е важен момент за преземање на власта.[7]

Се претпоставува дека Ким Џонг Ун своето образование го стекнал во Берн, Швајцарија во училиште на англиски јазик сè до 1998 година под псевдоним, иако ова не е сосема потврдено.[8] Тој зборува корејски, англиски но и малку германски јазик[9] и француски јазик. Ким Џонг Ун обожува скијање и е фан на Мајкл Џордан и Жан Клод ван Дам.[10][8]

Денес постои само една фотографија од Ким Џонг Ун, најверојатно сликана во 1990-те година, кога имал 11 години.[11] Нема други достапни слики за Ким Џонг Ун.[12]

Наводи[уреди]

  1. N.Korea declares Kim Jong-Un commander of military“, 30 декември 2011 (конс. 30 декември 2011).
  2. Harlan, Chico. „For Kim Jong Eun, a choreographed rise“, 7 јануари 2012 (конс. 7 јануари 2012).
  3. (корејски)„"청년대장 김정은"... 북 후계자 시사 벽보 찍혔다“. „Kyunghyang Shinmun“. 25 септември 2009. http://news.khan.co.kr/kh_news/khan_art_view.html?artid=200909250545185&code=910303. конс. 2 декември 2010. 
  4. 4,0 4,1 Profile: Kim Jong-un“, 22 септември 2010 (конс. 28 септември 2010).
  5. North Korea tells rival SKorea and other nations not to expect any change, despite new leader. The Associated Press (via Yahoo! News). 29 December 2011. Ca.news.yahoo.com. Retrieved on 1 January 2012.
  6. Moore, Malcom. Kim Jong-un: a profile of North Korea's next leader. The Daily Telegraph. 2 June 2009
  7. N.Korea Heir Apparent 'Given More Auspicious Birthday'. The Chosun Ilbo. 11 December 2009.
  8. 8,0 8,1 Powell, Bill. North Korea's Next Kim: Dad's Favorite, Kim Jong Un, TIME, 1 June 2009
  9. Die Macht des kranken Mannes, Frankfurter Allgemeine Zeitung, Retrieved on 17 March 2009
  10. North Korean leader Kim Jong-il 'names youngest son as successor', The Guardian, 2 June 2009
  11. http://www.bbc.co.uk/news/world-asia-pacific-11389824
  12. Profile: Kim Jong-un, BBC News Online, 2 June 2009

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]