Кими Матијас Рејкенен — финскиF1 возач. Роден е на 17 октомври1979 во Еспоо, Финска. Ја започна кариерата во картинг сериите. По картингот, тој продолжи во англиските Formula Renault серии, за после неколку одлични тестирања да премине во швајцарскиот Sauber. Од 2002 до 2006 возеше во Meclaren тимот. Во 2007 премина во редовите на најтрофејниот F1 тим, Ferrari и во неговата прва сезона за тој тим ја освои својата прва титула во најпрестижното автомобилистичко натпреварување.Потпиша договор со Ferrari до крајот на 2010 со можност за продолжување.По 2010 година замина од формула 1 и кариерата ја продолжи во рели. Во формула еден се врати во 2012, возејќи за Лотус тимот со договор до крајот на 2013 година.
Во светот е познат под прекарот Iceman поради неговата ладнокрвност. Тој е исто така и најпознат Финец[се бара извор]. На списокот на најплатени спортисти е на 2 место со 50 милиони долари.