Каталонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каталонци
Catalans
Вкупен број
околу 5.4 милиони
Подрачја со значајно население
 Шпанија (Само луѓе родени во Каталонија; останатите Каталонци родени во другите региони на Шпанија не се вклучени)4,800,000[1]
 Аргентина
         (проценката варира)
188,000
 Франција110,000
 Мексико63,000
 Германија48,000
 Перу39,000
 Андора29,000
 Италија (говорници на алгерскиот дијалект во Алгеро, Сардинија)23,000
 Чиле16,000
 Венецуела6,200
 Куба3,600
 САД
         (проценката варира)
700-1,750[1][2]
 Еквадор850[3]
Јазици
каталонски (мајчин)
окситански (во Вал де Аран)
шпански, француски (како резултат на имиграција или асимилација)
Вероисповед
Христијанство (Католицизам)
Сродни народи
Шпанци (Андорци, Валенсијци, Балеари, Арагонци), други Латински Европејци

Каталонците (каталонски, француски и окситански: Catalans, шпански: Catalanes, италијански: Catalani) се Пиринејска/Латинска европска етничка група формирана од луѓе од или со потекло од регионот Каталонија, денес во Шпанија[4][5], на североистокот од Пиринејскиот Полуостров. Жителите на соседниот регион во јужна Франција, познат и како Северна Каталонија (каталонски: Catalunya del Nord, француски: Pays Catalan) исто така често се вклучени во оваа дефиниција.[6][7]

Наспроти поголемиот дел од жителите на Каталонија, останатите кои зборуваат каталонски, имено жители на Андора, Валенсија, Балеарските Острови, источниот дел на Арагон, Русијон, а понекогаш и градот Алгеро во Сардинија, Италија, често се идентификуваат како дел од поширока каталонска етничка група, која ги населува териториите наречени од каталонските националисти како Каталонски Земји (каталонски: Països Catalans).

Поголемиот дел од Каталонците живеат во шпанската автономна заедница Каталонија, која се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија. Најмалку 100.000 говорници на каталонскиот јазик живеат во Северна Каталонија во Франција. Неодреден број каталонци емигрирале во Америка за време на шпанскиот колонијален период и во Франција во годините по Граѓанската војна во Шпанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Idescat. Statistical Yearbook of Catalonia. Population. By place of birth. Counties, areas and provinces“. конс. 27 јуни 2018. 
  2. Ancestry and Ethnic Origin, US Census
  3. El vicepresident del Govern es reuneix amb el Casal català de Quito Архивирано 25 July 2011[Датумско несогласување] во Wayback Machine., Generalitat de Catalunya
  4. „Court to reject 'nation' in Catalonia statute“. 
  5. „First article of the Statute of Autonomy of Catalonia. "''Catalonia, as a nationality, exercises its self-government constituted as an autonomous community..."''“. Gencat.cat. Архивирано од изворникот на 28 May 2008. конс. 13 September 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  6. "[1] Présentation Perpinyà 2008" (француски)
  7. Culture et catalanité Conseil Général des Pyrénées-Orientales (француски)