Карлис Бауманис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик на Бауманис во Лимбажи

Карлис Бауманис (латвиски: Kārlis Baumanis; познат и како Бауману Карлис; 11 мај 183510 јануари 1905) — етнички латвиски композитор во Руската империја. Тој е автор на музиката и текстот на Боже, благослови ја Латвија! („Dievs, svētī Latviju!“), национална химна на Латвија.

Карлис Бауманис бил прв композитор кој го користел зборот „Латвија“ во текстот на песната, во XIX век, кога Латвија сè уште била дел од Руската империја.

Биографија[уреди | уреди извор]

Карлис Бауманис е роден на 11 мај 1835 година во Вилкене („Вилкехоф“), како син на Јакоб Бауманис и неговата жена Ане. Откако учел во општинското училиште во Лимбажи, до 1856 година ја посетувал учителската школа Јанис Цимзе во Валка. Тука стекнал знаење во педагогија, странските јазици и музиката. На неговата прво работно место, поради неговите уверувања за летонскиот народ, влегол во конфликт со германскобалтичките власти и поради тоа се преселил во Санкт Петербург. Од 1858 до 1881 година бил предводник на културниот живот на петербурката латвиска дијаспора и бил активен организатор на првиот летонски музички фестивал во 1871 година. Поради овој ангажман бил исфрлен од руската државна служба. Од 1882 година живеел и работел во Лимбажи. Тука бил средишна точка на јавниот живот. Покрај музичките композиции, се појавувал и како издавач. Карлис Бауманис починал на 10 јануари 1905 година, на 69 години. Кај неговиот гроб на гробиштата во Лимбажи во 1920 година бил поставен споменик од Густавс Шкилтерс.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: