Иван Денковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Денковски
Ivan Denkovski.jpg
Роден 1922 година
Бучинци, Скопско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 12 април 1945 година
Винковци, Хрватска

Иван Денковски ( 1922 во Бучинци, Скопско12 април 1945 во Винковци, Хрватска)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Третата македонска ударна бригада во строј

Произлегува од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа уште како младинец работел на одржување на железничката линија кај Миладиновци. Бил регрутиран во фашистичката бугарска војска, од која во септември 1944 година се префрлил во новоформираната единица Гоце Делчев. Подоцна бил распореден во состав на 3 македонска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби и акции за ослободување на Македонија и Србија, односно во ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Потоа со Бригадата заминал во близината на Белград. Таму ја завршил тримесечната обука и откако ја совладал вештината во ракувањето со новодобиеното оружје и фронталното војување, земал учество во пробивот на Сремскиот фронт. Како храбар борец бил истакнуван за пример во единицата.[1]

На 12 април 1945 година, учествувал во јуришот на непријателските позиции. Кога неговата единица стигнала пред Винковци, тој бил погоден од смртоносоен рафал. Бил закопан на местото, каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 51–52. На |first= му недостасува |last= (help)