Ивана Дудиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивана Дудиќ
Роден(а)Ивана Дудиќ
9 јули 1991 година
Белград СФРЈ
ОбразованиеФакултет за драмски уметности
ЗанимањеГлумица
Активен2014 - денес
Значајни делаУбијците на мојот татко-Миланка
Вистини и лаги-Уна Радовиќ
Црвена месечина-Софија

Ивана Дудиќ (Белград, 9 јули 1991) е српска глумица.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ивана Дудиќ е родена на 9 јули 1991 година во Белград. Растејќи со нејзиниот татко, магионичар, Ивана уште од мала се заинтересирала за оваа област. Иако првично посакувал да го наследи неговиот син, таткото се согласил да ја научи Ивана на трикови. Веќе на седумгодишна возраст интензивно се занимавала со сценска магија.[2][3] Таа веќе на девет години за прв пат станала вицешампион на Балканот. За да може цел живот да игра и постојано да ги преиспитува своите граници, решила да се запише на глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.[4]

Дипломирала во класата на професорот Владимир Јевтовиќ и асистентот Срѓан Ј. Карановиќ. Со неа учеле Ива Кевра, Јована Гавриловиќ, Јелисавета Караџиќ, Бранкица Себастијановиќ, Анита Стојадиновиќ, Милош Ѓуровиќ, Стефан Радоњиќ, Душан Матејиќ и Богдан Богдановиќ.[5]

Првата улога ја остварила во серијата Ургентен центар (2014), а следната година се појавува во филмовите Ќе бидеме светски прваци, Една летна ноќ и Чизмаши.[6][7][8] Во популарната криминална ТВ серија Убијците на мојот татко од 2016 година го толкува ликот на полицајката Миланка.[9] Во втората сезона на теленовелата Вистини и лаги, таа го игра ликот на Уна Радовиќ, од 2018 година. И, исто така, синхронизирала за цртани филмови за студиото Ливада Белград и Блу Хаус.[10]

Улоги[уреди | уреди извор]

Театарски претстави[уреди | уреди извор]

Претстава Улога Текст Драматургија
/адаптација/
Режија Театар Премиера
Што виде собарот ? Џо Ортон Срѓан Ј. Карановиќ Факултет за драмски уметности 2013 год.[11]
Арт Јасмина Реза Владан Ѓурковиќ 14 април 2014 год.[12]
Кога цветаа тиквите Драгослав Михаиловиќ Бобан Скерлиќ Белградски драмски театар 24 мај 2014 год.[13]
Меница без покритие Катица Радуловиќ, Миа Милко Штимац Слаѓана Килибарда Театар Вук 13 мај 2016 год.[14]
Не се двоуми! Импровизирај! Срѓан Ј. Карановиќ АКУД „Бранко Крсмановиќ“ 1 април 2017 год.[15]
Удавена душа Александар Југовиќ Кристина Ѓуковиќ Бобан Скерлиќ Белградски драмски театар 6 март 2018 год.[16]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Год. Назив Улога
2010
2014-2018 Ургентен центар Јелена/Наташа Бајиќ
2015 Ќе бидеме светски прваци(серија) Љиља Шапер
2015 Една летна ноќ (серија) Споменка
2015 Чизмаши (серија) Цоца
2016 Пар и непар (ТВ филм)
2016-2020 Убијците на мојот татко (серија) Миланка
2018 Вистини и лаги (серија) Уна Радовиќ
2018 Конак кај Хилмија (серија) Ана Буцибатина
2019 Intigo: Dear Agnes студент 3
2019 Екипа Италјанка
2019 Црвена месечина (серија) Софија Бауман
2019-2020 Сенки над Балканот (серија) Лили
2020
2020 Југословенка (серија) Софија Бауман
2021 Игра на судбината (серија) Нора Залад
2021 The Islander Ана

Улоги во синхронизација[уреди | уреди извор]

година Име Улогата Студио
2015[17] Мун: Чувар на Месечината Глим Блу хаус
2017[18] Коко Тетка Викторија Ливада Белград

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Brojne poznate dame otvorile Belgrade Wedding Show!“. Курир. 9. 12. 2017. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. Прелевић, Марко (16. 9. 2009.). „Магија девојачке руке“. Вечерње новости. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. navidiku.rs
  4. Kalaba, Ana (11. 1. 2018.). „Magična tajna Milanke iz "Ubica mog oca". noizz.rs. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „VIII КЛАСА, ФДУ, 2010“. Prof. dr Vladimir Jevtović. Фејсбук. 2. 2. 2014. Посетено на 23. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. Stošić, Tamara (3. 3. 2015.). „Ivana Dudić i Marija Stokić: Radujemo se emitovanju serije“. kapitalmagazin.rs. Архивирано од изворникот на 2016-11-04. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. Konić, Ksenija (15. 5. 2016.). „5 beauty pitanja: Ivana Dudić otkriva tajne svoje lepote“. espreso.rs. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. Nikolić, Milan (25. 10. 2017.). „Upoznajte Ivanu Dudić jednu od najlepših glumica mladje generacije“. esquire.rs. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. Tasovac, Mirjana (9. 8. 2017.). „Ivana Dudić: Rajska oaza na dohvat ruke (foto)“. gloria.rs. Архивирано од изворникот на 20. 01. 2018. Посетено на 19. 1. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  10. Јовановић, Филип. „POJAČANJE U "Istine i laži" stiže ova SEKSI GLUMICA i poručuje: "Pomrsiću im konce!" (VIDEO)“. Blic.rs. Посетено на 22. 9. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Predstava Šta je sobar video danas u Dadov-u“. espreso.co.rs. 1. 3. 2013. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. "Art" na sceni Beogradskog dramskog pozorišta“. lepaisrecna.mondo.rs. 2014. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Кад су цветале тикве“. Београдско драмско позориште. Архивирано од изворникот на 21. 2. 2015. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  14. „Меница без покрића“. Тетар Вук. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. Р, Ј. (2. 4. 2017). „Не оклевај! Импровизуј! за обнову Крсманца“. Политика. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Predstava „Utopljena duša" premijerno u BDP“. Танјуг. Студио Б. 7. 3. 2018. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  17. „MUN :Čuvar meseca 3D SINH“. cinestarcinemas.rs. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  18. „Duh Meksika u Beogradu: Poznati prvi gledali crtać "Koko". espreso.co.rs. 28. 12. 2017. Посетено на 1. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]