Чизми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чизми

Чизми се предмет за облекување, кој служи за заштита на стапалото но и подклолениците од надворешните влијанија. Во суштина тие се вид на чевли, чија основна карактеристика е поголема длабочина.

Историја[уреди | уреди извор]

Чизми пронајдени во Кина, датираат од околу 220 г.п.н.е

Најраните чизми биле составени од два дела, долниот кој бил споредуван со обичните чевли и горниот направен од некој потопол материјал. Околу 1000 година пред новата ере, овие два дела се составиле и така настанале денешните чизми. Секако развојот на чизмите се долгува на народите кои живееле на крајниот север пред се на Русите, но и на Скандинавците и други. Во 17 век во Европа чизмите добиле пред се војнички стил. Во новото време тие стануваат и моден детал па се развиваат чизми со потпетица [1].

Видови[уреди | уреди извор]

Чизмите во зависност од намена можат да се прават од најразлични материјали: кожа, волна, платно, гума, синтетички материјали и др. По големина чизмите можат да бидат: надколенки, подколенки и плитки чизми. Исто така постои и поделба според намената, односно на места на кои можат да се користат. Со оглед на конструкцијата и доколку се користат соодветни материјали чизмите можат да бидат и заштитни пред се во градежништвото, кај пожарникарите и слично.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]