Прејди на содржината

Бранкица Себастијановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранкица Себастијановиќ (Сараево, 8 август 1990) е српска театарска и филмска актерка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бранкица Себастијановиќ е родена 8  август 1990 година во Сараево. Татко и Нено е економист, мајка и Радмила е професор, а брат и Невен е адвокат. Израснала во Стара Пазова, во семејниот дом, каде што завршила и средно училиште. Одела во училиште за глума "Дадов", а по средното училиште запишала историја на уметност, каде завршила прва година. Во моментов живее и работи во Белград, каде што дипломирала во април 2014 година година на ФДУ, во класата на професор Владимир Јевтовиќ, односно доцентот Срѓан Карановиќ, со дипломската претстава 'АРТ'.

Младата глумица се прикажа на публиката во серијата на Синѓелиќи, која беше направена по пример на филмот Серанови, каде што го толкува ликот на Ева, која во оригиналната верзија ја одигра Вероника Санчес. Покрај тоа, одигра голема улога во филмот Кога љубовта доцни и во серијата Самец во бракот, толкувајќи го ликот на младата Белграѓанка Љиљана, заедно со Милош Биковиќ, со кој беше во врска. Во јануари 2015 година го снима и филмот, како серија, Се врати Зоне, каде што повторно ја игра главната улога, познатата Зона Замфирова, а филмот е продолжение на првиот дел од 2002 година. Значајни улоги во театарски претстави се АРТ, како и Што виде собарот, Не се двоуми, импровизирај.

Таа освои награда за најдобар глумец-дебитант 49 Филмски средби во Ниш, како и награда за најдобра глумица на петта вечер на фестивалот. Исто така, според анкетата на весникот "Телеграф', Бранкица е прогласена за најубавата српска глумица.