Стара Пазова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара Пазова
Општина и град
Поглед на Стара Пазова од запад
Поглед на Стара Пазова од запад
Грб на Стара Пазова
Грб
Местоположба во Србија
Местоположба во Србија
Координати: 44°59′N 20°10′E / 44.983° СГШ; 20.167° ИГД / 44.983; 20.167Координати: 44°59′N 20°10′E / 44.983° СГШ; 20.167° ИГД / 44.983; 20.167
Држава Србија
Покраина Војводина
ОкругСремски округ
Управа
 • ГрадоначалникЃорѓе Радиновиќ
Површина
 • Општина351 км2 (136 ми2)
Население (попис од 2011)[1]
 • Град 18.602
 • Општина65.792
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски број22300
Повикувачки број+381 22
Регист. табличкиST

Стара Пазова — град и општина во Сремскиот округ во Војводина, Србија. Според пописот од 2011 година, во градот живеат 18,602 жители, додека во истоимената општина живеат 65,792 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Отоманското царство (16.-18. век), Пазова бил населен од етнички Срби и бил дел од отоманскиот Сремски санџак. Во 1718 година, градот станал дел од Хабсбуршката монархија. Во 18. век (по 1760 г.) Словаци лутеранци се населиле во Пазова, и во 1791 година исто така тука се населиле и Германци. Тие живееле во различна населба позната како Нова Пазова, па така старата населба била именувана Стара Пазова. До втората половина од 20. век, Словаците биле најголема етничка група во градот Стара Пазова, додека најголема етничка група во околната општина биле Србите.

Во најголем дел од Хабсбуршкото владеење, Стара Пазова бил дел од Хабсбуршката Воена граница (укината во 1882 г.), додека во периодот 1848-1849 бил дел од Српска Војводина. Кон крајот на 19. век и почетокот на 20. век, Стара Пазова бил окркужен центар во Сремската жупанија (дел од Кралство Хрватска и Славонија, Кралство Унгарија и Австроунгарија). Според пописот од 1910 година, населението во општината Стара Пазова броело 46,430 жители, од кои 24,262 зборувале српски, 9,348 германски, 5,779 словачки, и 5,670 хрватски јазик. Во рамките на градот живеело словачко мнозинство.

Од 1918 година, градот станал дел од Кралството Југославија. Според пописот од 1971 година, 56% од населението во градот Стара Пазова биле Словаци. Денес, најголема етничка група во градот и во општината се Србите.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Стара Пазова е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Слободан Ќурчиќ, Број на жители во војводина, Нови Сад, 1996.
  • Д-р. Душан Ј. Поповиќ, Срби во Војводина, прва книга, Нови Сад, 1990.
  • Борислав Јанкулов, Преглед на колонизацијата на Војводина во XVIII и XIX век, Нови Сад - Панчево, 2003.
  • Д-р. Бранислав Букуров, Бачка, Банат и Срем, Нови Сад, 1978.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]