Зора Ѓоргиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 26 април 1935
Струмица,  Кралство Југославија
Починал 31 мај 2014
Струмица, Македонија Македонија
Занимање глумица

Зора Ѓоргиева (Струмица, 26 април 1935 - Струмица, 31 мај 2014) — македонска глумица, легендата на струмичкиот театар, однсоно првенка на НТ „Антон Панов“ во Струмица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ѓорѓиева е родена 26 април 1935 година. Од 1953 до пензионирањето во 1996 работела како актерка во струмичкиот театар. Имала одиграно над 150 улоги. Добитничка е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967): Бланш Дибоа (1970): Баба ни Ева (1974): Јацинта (1975): Андромаха (1987). Во 1988 година од ревијата „Екран“ била прогласена за актер на годината. Во 1996 година ја добила наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Била и трикратна добитничка на годишната награда на СО Струмица и награда за животно дело на 36 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година. Починала во Струмица на 31 мај 2014 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]