Не е јасно кога точно знамето почнало да се употребува, но најверојатно е во доцните 1980-ти.[5] Во февруари 1993 грчкиот Парламент го изгласал знамето со Ѕвездата од Кутлеш за неофицијален национален симбол.[6] Во јули 1995, Грција поднела барање за заштита на правото на сопственост на заштитниот знак Ѕвездата од Кутлеш како официјален државен симбол според Член 6 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост[7] со Светската организација за интелектуална споственост.[8] Сличноста со првото знаме на Македонија, која го искористила истиот дизајн на Ѕвездата од Кутлеш на црвена основа со пропорции 1:2, предизвикала контроверзии во Грција.[5]