Прејди на содржината

Славна Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме кое се смета за неофицијално на грчка Македонија од страна на Грците.

Славна Македонија или Позната Македонија (грчки: Μακεδονία ξακουστή - Македонија ксакусти) е песна која Грците во Егејска Македонија ја сметаат за патриотска и неофицијална химна на тој дел од регионот Македонија.[1] Песната се изведува на паради и национални грчки прослави.

Карактеристики

[уреди | уреди извор]

Песната е антикомунистичка и во еден дел се опеани грчките подвизи за припојување[се бара извор] на Егејска Македонија кон Грција и за истерувањето на Бугарите од регионот, кои пак го контролирале за време на Втората светска војна[2] како дел од фашистичкиот блок на држави. Така, за време на првите децении на минатиот век, во третиот стих од химната се пеело: „ги избрка Бугарите“, но со текот на годините како што се нормализирале односите меѓу Грција и Бугарија, зборот „ Βούλγαρους “(„Бугари“) подоцна е сменет со поненавредлив збор „ βάρβαρους“ („варварин“ – што всушност значи странец, туѓинец т.е. не-Грк).[2] Исто така стихот "κι εμείς θα σ'αντικρύζουμε, ελεύθερη και πάλι!" („и ние повтороно гордо ќе ве гледаме“) понекогаш се пее како „κι εμείς τα Ελληνόπουλα, σου πλέκουμε στεφάνι!“ („и ние, синовите на Грција, ви плетеме круна“)[се бара извор]

Според мрежната страница на грчката армија Архивирано на 23 јули 2011 г., оваа химна е воен марш заснован на традиционален „македонски (грчки) танц“, кој пак бил поврзан со Акрите од Византија. Песната е напишана во јампски 15 слогови, ритамот е 2/4 и може да се игра како „хасапико“.[се бара извор]

Грчко писмо:
Μακεδονία ξακουστή
Грчка транскрипција:
Македонија ксакусти
Македонски:
Славна Македонија

Μακεδονία ξακουστή,
του Αλεξάνδρου η χώρα,
που έδιωξες τον τύραννο
κι ελεύθερη είσαι τώρα!

Ήσουν και είσαι ελληνική,
Ελλήνων το καμάρι,
κι εμείς θα σ'αντικρύζουμε,
περήφανα και πάλι!

Οι Μακεδόνες δε μπορούν
να ζούνε σκλαβωμένοι,
όλα και αν τα χάσουνε
η λευτεριά τους μένει!

Македонија ксакусти,
ту Александру и хора,
пу едјоксес тон тиранно,
к’ елевт́ери ’се тора!

Исун ке исе елиники,
Еллинон то камари,
к’ емис та се антикризуме,
перифана ке пали!

И Македонес де борун
на зуне склавомени,
ола ке ан та хасуне
и левт́ерја тус мени!

Славна Македонијо,
земјата на Александар,
тиранинот ги истера,
и сега си слободна!

Ти беше и ќе бидеш грчка,
наша грчка слава,
и ние ќе гледаме
да ни бидеш повторно горда!

Македонците не можат
да живеат под ропство,
се и да загубат,
тие сѐ уште ќе ја имаат Слободата!

  1. Рудометоф, В. (2002). Колективна меморија, национален идентитет и етнички конфликт: Грција, Бугарија и македонското прашање. Гринвуд Прес. стр. 81. ISBN 0-275-97648-3.
  2. 2,0 2,1 Victor Roudometof - „Collective memory, national identity, and ethnic conflict: Greece, Bulgaria and the Macedonian Question“, Greenwood Publishing Group, 2002, стр. 81

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Славна Македонија Архивирано на 24 септември 2006 г.
Славна Македонија Архивирано на 7 јуни 2011 г.