Зелен базилиск
| Зелен базилиск[1] | |
|---|---|
| Зелен базилиск (мажјак) | |
| Зелен базилиск (женка) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордови |
| Потколено: | ’Рбетници |
| Класа: | Влекачи |
| Ред: | Лушпари |
| Подред: | Гуштери или Игуани |
| Семејство: | Гребеноглави гуштери |
| Род: | Базилиск |
| Вид: | Зелен базилиск |
| Научен назив | |
| Basiliscus plumifrons (Cope, 1876) | |
Зелен базилиск (науч. Basiliscus plumifrons) — вид гуштер од семејството на гребеноглавите (Corytophanidae), чие природно живеалиште е Средна Америка.
Животнотно може да се види во терариумот на Зоолошката градина во Скопје.[2]
Географски опсег
[уреди | уреди извор]Во природата овој гуштер може да се сретне во источен Хондурас, Никарагва, Костарика и западна Панама.[3][4]
Таксономија и етимологија
[уреди | уреди извор]Општото име „базилиск“ потекнува од легендарните влекачи од европската митологија кои можеле да го претворат човека во камен со само еден поглед односно станува збор за т.н. базилисци.[5] Името потекнува од старогрчкиот збор basilískos (што всушност значи „малечок крал“.[5] Овој епитет е запишан во десеттото издание на Линеевата Systema Naturae.[5]
Опис
[уреди | уреди извор]Зелените базилисци се со светлозелена боја со мали синкави точки по грбниот предел. Овие гуштери можат да пораснат до 1 метар должина, при што поголемиот дел од должината отпаѓа на опашката, со просечна должина на опашката од 60 см. Мажјаците имаат три перјаници: една на главата, една на грбот и една на опашката.Од друга страна пак женките, имаат само една перјаница на главата.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Зелените базилисци се сештојадци и се хранат со инсекти, мали цицачи (на пример глодачи), помали видови на гуштери, овошје и цветови. Овие гуштери се плен на птици грабливки, опосуми и змии.
Размножување
[уреди | уреди извор]Женките припаднички на овој вид можат да снесат од 5 до 15 јајца во топол влажен песок или почва. Јајцата се изведуваат по осум или десет недели, при што младенчињата по изведувањето се целосно независни.
Поведение
[уреди | уреди извор]Мажјаците се мошне територијални, единечен мажјак може да владее со земјиште на кое има повеќе женки со кои истиот се пари. Повеќето базилисци се плашливи, и не поднесуваат подолги периоди да минуваат во раце кога се чуваат во заробеништво.
Овој гуштер може да претрча кратки растојанија преку вода користејчи ги своите две стапали и опашката како поддршка, способност која ја споделуваат сите останати базилисци и молучкиот едрест гуштер (Hydrosaurus amboinensis). Во Костарика, оваа способност на гуштерот му го донела прекарот „Исус Христос“. Станува збор за одличен пливач кој може да остане под вода и до 30 минути.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Мажјак во прибежиштето за див свет Кањо Негро во Костарика
- Женка во прибежиштето за див свет Кањо Негро во Костарика
- Глава на женка во прибежиштето за див свет Кањо Негро во Костарика
- Зоолошка Двор Карлове, Чешка
- Мажјак Национален парк Тортугеро, Костарика
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Basiliscus plumifrons“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
- ↑ „Базилиск“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ Kohler, G. (2008). Reptiles of Central America, 2nd edition. ISBN 978-3936180282
- ↑ Savage J. M. (2005). The Amphibians and Reptiles of Costa Rica: A herpetofauna between two continents, between two seas. ISBN 978-0226735382
- 1 2 3 Robert George Sprackland (1992). Giant lizards. Neptune, NJ: T.F.H. Publications. ISBN 0-86622-634-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Зелен базилиск“ на Ризницата ? |
Зелен базилиск на Викивидовите ?- „Зелен базилиск“. — Енциклопедија на живиот свет.