Опосум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Опосум е животно кое спаѓа во фамилијата на цицачи. Најчесто се среќаваат во тропски шуми и дождовни шуми. Има неколку видови на Опосум:

Џуџест глувчевиден опосум[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 11 до 14,5cm. Опашката е долга од 13,5 до 21cm. Неговата маса изнесува од 15 до 45g. Распространет е во северна, средна и јужна Америка.

Џуџест опосум

Бојата на овој опосум се движи од светло жолта до сива на грбната страна. Крзното од стомачната страна е млечно бело, а на лицето има црна маска. Се храни со мали безрбетници, какви што се инсектите и пајаците, со мали 'рбетници, како гуштерите, со птичји јајца и со птици, како и со некои плодови. Брз е и способен за искачување, а дење се одмара во дупките на дрвјата, во стари птичји гнезда или замотани во гранчиња во крошните. Младенчињата престануваат да цицаат кога се постари од 60 до 80 дена

Воден опосум, јапок[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 26 до 40cm; Опашката е долга од 31 до 43cm; Неговата маса изнесува од 550 до 800g; Распространет е во јужно Мексико до средна и јужна Америка;

воден опосум

Единствениот воден торбар има меко, густо и водотпорно крзно и долги прсти со пловни кожички и мажјаците и жените имаат торба со мускулес отвор, кој под вода може да се затвори. Се храни со риби, жаби и со сличен слатководен плен, којшто го фаќа со вештите предни прсти, кои се без канџи. Дење се одмара во дувлото на речниот брег, коешто го обложува со лисја.

Црнораменен опосум[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 21 до 26cm; Опашката е долга од 22 до 31cm; Неговата маса изнесува од 200 до 600g; Распространет е во западна и јужна Америка;

црноморен опосум

Препознатлив е по широката црна риба што се протега од рамената до предните нозе. Ноќе во крошните бара плодови и ларви од инсекти. Има сива опашка, која што кон краевите преминува во бела боја, а од долната страна не е влакнава. Бременоста трае од 13 до 14 дена, а женката коти 2 младенчиња.

Северноамерикански опосум[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 33 до 50cm; Опашката е долга од 25 до 54cm; Неговата маса изнесува од 2 до 5,5Kg; Распространет е во западна, средна и источна Америка и Мексико

Северноамерикански опосум е мошне приспособлив. Во човековите населби наоѓа засолниште - градејќи дувла помеѓу деловите од градежниот материјал или во ненаселените згради - и храна, копајќиво ѓубрето во потрага по одпадоци. Тој е вистински сештојад - неговата храна опфаќа: ларви, јајца, цвеќе, плодови и мрши, а напаѓа и живина и земјоделски насади. Северноамерикански опосум е најголемиот американски торбар. Активен е ноќе, вешто се искачува и добро плива, иако поголемиот дел од животот го поминува на копно. Не е територијален, но животните се избегнуваат меѓусебно, освен за време на парење.Женката во леглото може да има и до 18 младенчиња, но нема доволно брадавици за сите туку само за 13 од нив.Оние што ќе преживеат, цицаат 50 дена, а торбата ја напуштаат во период од 70 дена.

северо американски опосум

Факти[уреди | уреди извор]

Факти: Северноамерикански опосум кога е во опасност се обидува да ги измами грабливците преправајќи се дека е мртов. Може да лежи неподвижно дури 6 часа

Наводи[уреди | уреди извор]

Информации од енциклопедија "ЖИВОТНИ" од страна 92