Здравко Цветковски
Здравко Цветковски | ||
Роден | 5 ноември, 1921 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1 јануари, 1945 година Три Води, Костурино, Струмичко, Македонија |
Здравко Цветковски (5 ноември 1921 во Скопје — 1 јануари 1945 во Костурино, Струмичко)[1] — архитектонски техничар, македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од печалбарско семејство. Основно училиште и мала матура завршил во родниот град. Потоа заминал во Белград, каде се запишал во Средното техничко училиште. Во Скопје учествувал во сите демонстрации против експлоататорскиот режим во бивша Југославија. По окупацијата на Македонија учествувал во организираниот отпор против бугарскиот фашистички окупатор. Поради тоа бил затворен. Иако го мачеле во затворот, полицијата не успеала да извлече никакво признание од него. Поради немање на докази, бил пуштен на слобода.[2]
Продолжил со револуционерна дејност и во следниот период. Во 1941 година станал член на МК на СКОЈ за Скопје и како таков сесрдно се залагал за работата на организација и за нејзината активност. При крајот на 1941 година, снабдувањето на скопското население со прехранбени и други производи било отежнато. Окупаторите вовеле посебен режим за рационално снабдување. За да се избегнат неповолните последици, со група другари припремил фалсификувани требовања со кои добиле од Комесарството 200 ТФР купони. Акцијата била изведена според планот, а купоните им биле дадени на оние кои имале најголема потреба од нив. При крајот на 1941 година во Скопје била откриена партиската техника. Поради тоа, условите за работа станале посебно тешки. Бројните провали, тешкотиите околу снабдувањето со хартија и друго, мошне негативно се одразиле во нивната работата. Во тие услови настојувал да го одржи работниот елан на работната група, да обезбедува што порационално користење на печатарскиот материјал и др. За да не падне сета техника во рацете на полицијата во случај на провала, еден дел од средствата биле префрлени кај него дома. Во 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Се борел во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во големите борби во текот на мајската офанзива. Храбро загинал во борбите против непријателските сили, во месноста Три Води, кај селото Костурино, Струмичко.[2]
На ослободената територија во село Горно Врановци на 3 ноември 1944 година, највисокиот орган на народната власт на Македонија - АСНОМ донело одлука за формирање на првото македонско Средно техничко училиште. Решението за основање на првото македонско училиште било бурно поздравено од делегатите и пристутните на првиот конгрес на македонските инженери и техничари одржан во месец мај 1945 година во Скопје. На овој конгрес покрај другите решенија, е донесена и одлуката Средното техничко училиште да го носи името на загинатиот борец-партизан Здравко Цветковски, архитектонски техничар од Скопје.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „ПАТРОНЕН ПРАЗНИК – СГГУ "Здравко Цветковски"“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-26.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 159–160. На
|first=
му недостасува|last=
(help)