Жозе Семедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жозе Семедо
José Semedo
Лични податоци
Роден на 11 јануари 1985 (1985-01-11) (воз. 32 г.)
Роден во Сетубал, Португалија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција центрлен одбранбен, дефанзивен играч за врска
Клупски податоци
Сегашен клуб Шефилд Венздеј
Број 6
Младинска кариера
Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2007 Спортинг Лисабон 0 (0)
2004-2005 Каса Пиа (позајмен) 34 (2)
2005–2006 Феиренсе (позајмен) 18 (0)
2006-2007 Калјари (позајмен) 3 (0)
2007-2011 Чарлтон Атлетик 137 (2)
2011- Шефилд Венздеј 53 (1)
Репрезентација
2006-2007 Португалија 21 13 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Жозе Витор Мореира Семедо (роден на 11 јануари 1985 година во Сетубал) е португалски фудбалер кој игра за Шефилд Венздеј во Англија, најчесто како дефанзивен играч за врска.

Својата кариера Семедо ја започнал во тимот на Спортинг Лисабон, но кога бил селектиран во ростерот за првиот тим тој бил позајмен на нисколигашот Каса Пиа, тим кој истотака се наоѓа во главниот град на Португалија, Лисабон. Следната сезона наместо да заигра за првиот тим на Спортинг тој е пратен на уште една позајмица сега во второлигашот Феиренсе за кого одиграл 18 натпревари.

Пред почетокот на сезоната 2006-07 тој бил позајмен на италијанскиот калчолигаш Калјари. Своето деби за клубот го имал во натпревар од купот, а во Серија А дебитира на 21 април 2007 кога влезе како резерва во поразот на неговиот тим од Милан со 3-1 нагости.

Во 2007 година, конечно за стално го напушта Спортинг и заминува во Англија каде потпишал со третолигашот, Чарлтон Атлетик. Тој одигра четири сезони за Атлетик од 2007 до 2011, кога по истекувањето на неговиот договор како слободен играч потпишува со Шефилд Венздеј. Во сезоната 2011-2012 Семедо изборува промоција со Венздеј од третото ниво на англискиот фудбал во Чемпионшип лигата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]