Живоин Рафаиловиќ
| Живоин Рафаиловиќ | ||
| Податотека:Zivoin Rafailovic.jpg | ||
| Роден | 1871
Мионица, Србија | |
|---|---|---|
| Починал | 1953
Белград, Југославија | |
Живоин Рафаиловиќ (срп. Живојин Рафаиловић) бил српски офицер и еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција [1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Бил роден во Мионица. Станал офицер при српската војска и го добил чинот капетан. Заедно со Милорад Гоќевац, Јован Атанацковиќ и Лука Ќеловиќ учествувал во основањето на Српскиот комитет на четничката акција кој се зафатил со препраќање на српски чети во Косово и Македонија.
Тој станал прв претседател на Извршниот комитет на СКЧА. Поради својот ангажман во четничкото движење зел неограничено отсуство од српската војска.
По уништувањето на првата препратена српска чета и сослушувањето од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, по негово лично брање бил демобилизиран од војската, по што се посветил на комитетските работи.
Подоцна станал народен пратеник.