Лука Ќеловиќ
Лука Ќеловиќ | ||
![]() | ||
Роден | 18 октомври 1854 Придворица, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 август 1929 Белград, Србија |
Лука Ќеловиќ бил еден од најбогатите луѓе во Србија во почетокот на XX век, водечки финансиер и еден од највлијателните Срби со потекло од Херцеговина, еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција и најголем добротвор на Белградскиот универзитет[1][2][3].
Животопис[уреди | уреди извор]
Тој е роден во селото Придворица кај Требиње. Во 1875 година учествувал во Херцеговското востание. Потоа се вратил во Србија и учествувал во Српско-турската војна. По војната се посветил на трговија и стекнал големо богатство. Со својот пријател Милорад Гоѓевец го основал Српскиот комитет на четничката акција. Во текот на Борбата за Македонија бил главен финансиеер на четничките акции.
Меѓу другото бил и голем добротвор и член на друштвото Свети Сава. Бидејќи немал потомци целото свое богатство го оставил на Србија.