Желудочен сок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Желудочен сок или желудочна киселинатечност која се лачи во желудникот и учествува во процесот на варење на храната. Човекот во текот на 24часа лачи од 1 до 1,5 литри желудочен сок, а количеството зависи од количеството на храната и нејзиниот состав. Чистиот желудочен сок е безбоен и е многу кисел. [1]

Состав и функции на желудочниот сок[уреди | уреди извор]

Најважни неоргански состојки во жулудочниот сок се солната (хлороводородна) киселина и хлоридите, а од органските материи тоа се муцинот и ензимите. Солната киселина во желудочниот сок е од 0,5 до 0,6% и е слободна или врзана со протеини. Има повеќе функции во желудникот меѓу кои најважни се:

Ензими во желудочниот сок[уреди | уреди извор]

Регулирање на лачењето на желудечниот сок[уреди | уреди извор]

Кај човекот, меѓу оброците, кога желудникот е празен има мало количество желудочен сон. Лачењето на желудечниот сок има 3 фази: орална, желудочна и цревна фаза. Кај човекот е регистрирана и психичка или рефлексна фаза во лачењето на желудечниот сок.

Лачеењто на желудочниот сок е регулирано и со одредени хормони. Така се знае дека ткивниот хормон гастрин, што се создава во желудникот, го поттикнува излачувањето на желудечниот сок. Влијание врз излачувањето на желудечниот сок има и мозочната кора. Така, мирисот или гладењето на убава храна, како дразба се прима преку рецепторите и се пренесува до центрите во мозочната кора, а тоа резултира со создавање желудочен сок. Психичкото лачење на желудчен сок започнува само со помислата на некое вкусно јадење.[4]

Врз составот и лачењето на желудечниот сок свое влијание има и составот на јадењето. Така, се знае дека месото, лебот и млекото различно го поттикнуваат лачењето на желудечниот сок. Имено, најмногу поттикнува месото, помалку лебот а најмалку млекото.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 59
  2. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 59/60
  3. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 60
  4. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 60/61
  5. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 61