Казеин
Казеин (латински: caseus = „сирење“)[1] — млечна белковина, заедничко име за неколку видови белковини што се наоѓаат во млекото на цицачите.[2] Казеинот е единствената белковина во природата чија прва и основна функција е хранлива, а не структурна или метаболична. Казеинот засирува под дејство на сиришните ензими, а не под дејство на високата температура.[3][4]
Структура
[уреди | уреди извор]Во однос на структурата, казеинот е фосфобелковина (содржи фосфатна група), која врши складирачка улога во млекото на цицачите. Казеинот се состои од неколку фракции: α-, β- и γ-казеин, секоја од фракциите има неколку видови. Фракциите и нивните видови се разликуваат во составот на аминокиселините, особено две од најчестите видови β-казеин, А1 и А2, се разликуваат за една аминокиселина на положбата 67. Елементарен состав на казеинот (во %): јаглерод — 53,1; водород — 7,1; кислород — 22,8; азот — 15,4; сулфур — 0,8; фосфор — 0,8.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „казеин“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ pece.hardcore (2018-11-22). „Што е казеин?“. HardCore Shop. Посетено на 2023-11-30.
- ↑ „КАЗЕИНИ“. www.pbc.mk. Посетено на 2023-11-30.
- ↑ „Казеин и заменски оброци - Boost Your Best - Polleo Sport“. polleosport.mk. Посетено на 2023-11-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Казеин“ на Ризницата ? |
- Caseins at the US National Library of Medicine Medical Subject Headings (MeSH)
- Mol-Instincts Chemical Database, Predicted on Quantum
- Lanital
- Wool from Cows