Жан Калвин
Жан Калвин (10 јули 1509 — 27 мај 1564) — верски реформатор, основач на Калвинистичката протестантска црква. Протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Основата на неговото учење била „божествената предодреденост“. Вовел строги норми: ги намалил забавите и театарските претстави, забранил жените да носат обетки и свилени фустани итн. Имотите на манастирите ги конфискувал. Следбениците на Калвиновото учење беа хугенотите во Франција, а во Англија — пуританците. Починал во Женева, на 27 мај 1564 година.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Учења за христијанската вера — капитално дело на Калвин
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|