ЖРК Металург

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЖРК Металург
Целосен називЖенски ракометен клуб Металург
Краток називЖРК Металург
Основан1964
ИгралиштеАвтокоманда, Скопје
Приемност2.000
ПрестедателМакедонија Томе Треновски
Главен тренерМакедонија Александар Петровски
ЛигаСупер лига
2018-20191-ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Женски ракометен клуб Металург е женски ракометен клуб од Скопје, Република Македонија.

Металург е еден од најуспешните клубови во Македонија. Тие се четирикратен шампион на Македонија и четирикратен освојувач на Купот на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е основан во 1964 година под името МИК и се натпреварувал во аматерската ракометна лига на Југославија. Во сезоната 1969/70 МИК станал шампион во ракометната лига на СР Македонија. Во 1973 година клубот бил преименуван во РК Скопје. Конечно во 1975 година, РК Скопје го постигнал својот најголем успех, учевство во првата ракометна лига на Југославија. Во 1978 година РК Скопје го освоил Купот на Југославија за територија на СР Македонија.[1]

По осамостојувањето на Република Македонија од Југославија во 1991, клубот се натпреварувал во Македонската ракометна супер лига. Во сезоната 2007-2008, клубот добил силен спонзор, и под името ЖРК Металург Скопје, без пораз, изборил влез во Супер лигата. Во сезоната 2009-2010, ЖРК Металург ги освоил својте први титули во Македонската супер лига и Купот на Македонија и тоа без ниту еден пораз. Веднаш потоа клубот успеал да ги одбраните двете титули и во наредните две години.[2] Во сезоната 2011-2012, клубот го постигнал својот најдобар резултат во европските натпрварувања стигајќи до осминафиналето на Купот на победниците на куповите, каде биле сопрени од германскиот Лајпциг.[3]

Во 2013 година Металург освоил уште еден трофеј во Купот на Македонија, четврти во нивната клупска историја. Сепак, од таа сезона па скоро до крајот на декадата клубот повеќе не бил во можност да освојува титули. Главна причина за тоа била екипата на ЖРК Вардар која предводена од новиот спонзор создала силен тим и наскоро станала доминант во лигата и една од најсилните екипи во Европа.

Сепак, откако пред почетокот на сезоната 2018-2019 политиката во екипата на Вардар се променила и тие ги отпуштиле сите врвни ракометарки неизвесноста во суперлигата повторно се вратила. Во сезоната 2018-2019 по шест години пауза и доминација на Вардар, ракометарките на Металург ја вратил титулата во Автокоманда, освојувајќи ја четврта шампионска титула во клупската историја.[4] Во истата сезона клубот бил поразен во полуфиналето на купот од Куманово.[5]

Сала[уреди | уреди извор]

Салата во Автокоманда.

Металург има своја сопствена сала во Автокоманда со капацитет од 2.000 седечки места, каде што тие ги играат својте домашни натпревари. Сепак, натпреварите во натпреварувањата на ЕХФ тие ги играат во Спортската сала „Борис Трајковски“, која собира преку 5.000 седечки места.

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Победник (4): 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2018-2019
Победник (4): 2010, 2011, 2012, 2013
  • ЕХФ Челинџ куп
Полуфиналист (1): 2009-2010

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Состав за сезоната 2019-2020

Голмани
Десни крила
  • 06 Македонија Антонела Ристовска
  • 74 Македонија Мирјана Петковска
Леви крила
Пивоти
  • 17 Македонија Аида Смајловска
  • 22 Македонија Мила Алексова

Леви бекови
  • 18 Македонија Мери Арсениевска
  • 31 Македонија Јана Калајџиевска
  • 13 Македонија Теодора Гулицоска
  • 23 Македонија Тамара Темелковска
Средни бекови
  • 10 Македонија Ана Марија Божиновска
  • 71 Македонија Сара Стефановска
  • 32 Македонија Ива Божиновска
  • 07 Македонија Мила Ѓорѓиевска
Десни бекови
  • 05 Македонија Марија Гугуљанова

Стручен штаб

  • Македонија Тренер: Александар Петровски
  • Македонија Помошник тренер : Благоја Весиќ
  • Македонија Физиотерапевт: Кате Андоновска
  • Македонија Директор: Филип Христов

Познати поранешни ракометарки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Историјат на ЖРК Металург“. RK Metalurg official website. Архивирано од изворникот на 2012-03-19. Посетено на 2012-06-03.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-20. Посетено на 2019-12-28.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-28. Посетено на 2019-12-28.
  4. ЖРК Металург е нов шампион на Македонија Архивирано на 25 декември 2019 г. zrk.rkmetalurg.mk конс. 22.5.2019
  5. Куманово противник на Вардар во финалето на Купот на Македонија Архивирано на 28 декември 2019 г. kurir.mk конс. 9.5.2019

Надворешни врски[уреди | уреди извор]